Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти.
-
Македонија 26.05.2025 14:06
-
Македонија 26.05.2025 13:53
Царинската управа ја засилува борбата со фалсификувана стока
За над шест илјади парчиња парфеми, пет илјади пара обувки, пет илјади парчиња облека, но и други производи што Царинската управа ги заплени годинава е утврдено дека се фалсификат. Станува збор за вкупно 20 илјади производи со потпис за вкупно 57 заштитени трговски марки.
-
Македонија 26.05.2025 13:34
Онколошките пациенти на средба во Обвинителството
Онколошките пациенти на средба во Обвинителството по поднесените обвиненија за екс директорите Васев и Нухи кои заедно со тројца нивни колеги од клиниката се товарат дека лекувале несоодветно и давале непотребни терапии.
Ана Јосифоска ги има деталите.
-
Македонија 26.05.2025 13:34
Мицкоски: Владата презема повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето
Во Собранието се одржа надзорна расправа за аерозагадувањето. На прашања на граѓанскиот сектор одговараше премиерот Мицкоски. Се преземаат мерки, почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси- ова е само дел од најавите за нови проекти.
-
Македонија 26.05.2025 13:32
Судскиот совет го избра Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд
Африм Фидани нов претседател на Врховниот суд со одлука на Судскиот совет. Противкандидат му беше доскорешната претседателка Беса Адеми. -
Македонија 26.05.2025 13:30
Национален совет за евроинтеграции
Во Собранието се одржува седница на Советот за евроинтеграции. Лидерот на СДСМ, Филипче, го актуализираше предлогот за лидерска средба, контра ставови на пратениците од опозицијата.
Миле А. Ристески ги има деталите.
-
Македонија 26.05.2025 13:24
Сиљановска- Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со Матарела
Во Ватикан претседателката Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители. Имаше средба и со претседателот на Италијанската Република, Матарела.
-
Македонија 26.05.2025 12:12
Африм Фидани избран за претседател на Врховниот суд
Судскиот совет го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд на Македонија. Тој доби осум гласа „за“, додека поранешната претседателка Беса Адеми доби само два гласа.
-
Македонија 26.05.2025 11:06
Кривична пријава против градоначалникот на Кичево, ја злоупотребил положбата и го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
-
Македонија 26.05.2025 10:37
Приведен кумановец, возел 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час
Вчера во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово, информираат од МВР.










