Епидемиолозите на Институтот за јавно здравје ги проверија контактите на двајцата заразени со мајмунски сипаници. Немаат никакви симптоми на заболувањето. Нема нови сомнителни случаи што се испратени на тестирање, ниту нови позитивни.
-
Македонија 24.05.2025 14:38
-
Македонија 24.05.2025 14:10
Струмичките градинки оставени без кадар
Градинката „Детска Радост“ од Струмица е принудена да затвора одредени групи и на есен да не прима дечиња бидејќи нема персонал.
-
Македонија 24.05.2025 13:15
Државниот врв со честитки по повод Денот на сесловенските просветители
Државниот врв и партиите со честитки до граѓаните по повод денот на сесловенските просветители. Претседателката Сиљановска-Давкова повика да се гордееме со нашето културно и духовно наследство, да го чуваме, збогатиме и да им го предадеме на идните генерации.
-
Македонија 24.05.2025 12:44
Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за Васев и Нухи
Јавното обвинителство вложи жалба на решението на Кивичниот суд да определи куќен притвор за екс- директорите Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети во предметот „Онкологија“.
-
Македонија 24.05.2025 10:33
Обвинителство: Семејствата на жртвите во клубот „Пулс“ ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.
-
Македонија 24.05.2025 10:08
Протест „Одиме повторно за Кочани“
Попладне, во 16:05, кај Паркот на револуцијата во Кочани, протест на најблиските на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, под мотото „Oдиме повторно за Kочани“, со поддршка и од граѓанската иницијатива „Кој е следен“.
-
Македонија 24.05.2025 09:47
Уште еден пратеник му откажа верност на Таравари
Уште еден пратеник му откажа верност на лидерот на Алијансата за Албанците, Таравари. Од ВРЕДИ не го кријат задоволство.
-
Македонија 24.05.2025 09:35
Автобусите денес по неделен возен ред поради празникот
Денес, поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
За време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
-
Македонија 24.05.2025 09:16
Сообраќајот без застои, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.05.2025 09:04
Викендов облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови.










