Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2026/27.
Спорт
-
Фудбал 15.10.2026 14:03
-
Кошарка 09.10.2026 09:57
Леброн Џејмс дебитираше за Филаделфија
Леброн Џејмс го одигра првиот претсезонски натпревар за Филаделфија, постигнувајќи 10 поени, пет асистенции и четири скока за 18 минути на паркетот.
Неговиот нов тим загуби од Бруклин Нетс со 114-108.
-
Фудбал 09.10.2026 09:51
ФИФА: Македонија падна на 71. место на светската ранг-листа
Падот на ранг-листата е резултат на неуспешниот циклус натпревари во Лигата на нации, под водство на селекторот Гоце Седлоски. Во изминатите 11 дена, македонската репрезентација одигра четири натпревари, на кои забележа исто толку порази, без ниту еден постигнат гол.
-
Фудбал 09.10.2026 09:49
Една репрезентација прими 16 гола, Македонија и Грузија сè уште без постигнат погодок
Во анализата се опфатени лигите А, Б и Ц, во кои секоја репрезентација игра по шест натпревари. По завршувањето на октомвриските натпревари, остануваат уште две кола, кои ќе се одиграат во ноември.
-
Останати спортови 09.10.2026 09:46
Работнички и Штип УГД го освоија Суперкупот на Македонија
Одбојкарките на Работнички ја започнаа новата сезона со освоен трофеј, откако триумфираа во првото издание на Суперкупот на Македонија во женска конкуренција, кој од оваа година го носи името на одбојкарската легенда „Бранко Хаџииљоски - Чајка“.
-
Формула 1 09.10.2026 09:44
Хорнер скапо го чинеше Ред Бул
Кристијан Хорнер добил отштета од околу 79 милиони евра од тимот на Ред Бул по неговото отпуштање минатата година. Информацијата произлегува од финансискиот извештај на компанијата, во кој се наведува исплата од 67 милиони британски фунти како надомест за прекин на работниот однос.
-
Фудбал 09.10.2026 09:42
Шпански медиуми: Баерн Минхен заинтересиран за Дани Олмо
Каталонскиот спортски весник „Спорт“, кој е близок до Барселона, објави дека германскиот гигант Баерн Минхен покажува сериозен интерес за ангажирање на Дани Олмо. Според информациите, фудбалерот би можел да го промени клубот доколку пристигне соодветна понуда.
-
Ракомет 08.10.2026 13:43
Вардар против Висла Плоцк за првите бодови во Лигата на шампионите
Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва ја пречекува Висла Плоцк во третото коло од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по две одиграни кола се надеваат на првите бодови во елитното европско натпреварување.
-
Фудбал 06.10.2026 09:14
Седлоски пред дуелот со Швајцарија: Мора да ги надминеме грешките од првиот меч
Македонската фудбалска репрезентација денеска повторно ќе се соочи со Швајцарија, десет дена по првиот меѓусебен дуел во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од фудбалерите и подобра игра во однос на претходниот натпревар.
-
Кошарка 05.10.2026 12:21
Победи за Пелистер, Кожув и Работнички во кошаркарската Супер лига
Со вчерашните три натпревари беше комплетирано првото коло од кошаркарската Супер лига.
Во дербито на колото во Битола, Пелистер го совлада ТФТ со 78:70. Во изедначен натпревар, домашниот тим ја оствари решавачката предност во последната четвртина, која ја доби со 24:17.










