Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12-та титула во клупската историја.
Спорт
-
Фудбал 24.05.2026 08:30
-
Кошарка 22.05.2026 09:34
Њујорк поведе со 2-0 во финалето на Исток против Кливленд
Кошаркарите на Њујорк ноќеска го добија и вториот натпревар од финалето на Исток против Кливленд пред своите навивачи со 109:93 и поведоа со 2-0 во добиени натпревари во серијата.
-
Фудбал 22.05.2026 09:32
Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ
Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
-
Останати спортови 21.05.2026 15:09
Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија
Министерството за спорт најостро ги осуди свирежите на националната химна од навивачите на ФК Шкендија и одбивањето на играчите да ги примат медалите по завршувањето на финалниот натпревар.
-
Фудбал 21.05.2026 12:29
Петмина дебитанти на списокот на Седлоски за БиХ и Турција
Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул.
-
Фудбал 21.05.2026 10:05
Силекс го освои Купот на Македонија
ФК Силекс е новиот освојувач на Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ славеше против ФК Шкендија со минимални 1-0.
-
Фудбал 20.05.2026 09:29
Арсенал шампион на Англија за прв пат по 22 години
Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула.
-
Фудбал 18.05.2026 15:03
Билети за финалето од Купот на Македонија: Силекс – Шкендија
Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија.
Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
-
Кошарка 18.05.2026 09:37
Шеј Гилџус- Александер МВП на НБА лигата
Шеј Гилџус-Александер ја освои МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14-тиот играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН.
-
Ракомет 17.05.2026 20:53
Македонските ракометари се пласираа на Светско првенство
Ракометната репрезентација на Македонија во јануари следната година ќе учествува на Светско првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“.




