Хрватскиот ракометен стратег Лино Червар од следната сезона ќе седне на клупата на РК Еурофарм Пелистер. Со ангажманот на искусниот тренер, битолскиот клуб сака што побрзо да се врати на врвот на македонскиот ракомет.
Спорт
-
Ракомет 13.05.2026 12:10
-
Кошарка 13.05.2026 08:38
Повредата на Дончиќ посериозна од првичните проценки
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, се соочува со посериозна повреда отколку што првично беше објавено, пренесува „Атлетик“.
Иако првите медицински прегледи покажале истегнување на тетивата од втор степен, дополнителен преглед направен во Шпанија открил потешка и пообемна повреда.
-
Останати спортови 12.05.2026 09:42
Шишковски и Херера со поддршка за младите футсалци во Бања Лука
Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици.
-
Фудбал 12.05.2026 09:23
Мурињо се враќа во Реал
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави „COPE“.
-
Кошарка 12.05.2026 09:19
Оклахома се пласираше во полуфиналето на плејофот
Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110.
-
Останати спортови 12.05.2026 09:16
Одбојкарките на Работнички со 18-та шампионска титула
Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот.
-
Останати спортови 07.05.2026 16:10
Одржан првиот состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот
Во Министерството за спорт вчера, 6 мај 2026 година, се одржа првиот работен состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот (2026-2030).
-
Фудбал 07.05.2026 11:01
ПСЖ ќе ја брани европската титула
Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето.
-
Ракомет 06.05.2026 09:48
Вардар со победа се прости од Европа, Монпеље оди на фајналфор
Ракометарите на РК Вардар 1961 со победа ја завршија европската сезона, откако во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Лига Европа го совладаа Монпеље со 27-24. Сепак, поразот од десет голови на првиот натпревар беше пресуден за елиминација.
-
Фудбал 06.05.2026 09:44
Арсенал прв финалист во Лигата на шампиони
Лондонски Арсенал е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони, откако на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупен резултат од 2-1 го елиминираше во полуфиналето шпанскиот клуб.




