Фудбалските клубови низ светот потрошиле рекордни 9.63 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2023 година, што е зголемување за речиси 50 отсто во споредба со 2022 година.
Спорт
-
Фудбал 31.01.2024 17:22
-
Кошарка 31.01.2024 16:19
НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот
НБА го објави списокот за натпреварот со „Ѕвездите во подем“. Дваесет и еден НБА играч, вклучувајќи ги дебитантите Виктор Вембањама и Чет Холмгрен, и седум играчи од „Г лигата“ се на списокот за Ол-стар викендот на 16 февруари во Индијанаполис.
-
Фудбал 30.01.2024 19:07
Македонија против Чешка на 10-ти јуни во Прага
Фудбалската федерација на Македонија постигна договор за одигрување на контролен натпревар помеѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Чешка. Чешка и Македонија ќе се соочат на 10-ти јуни во Прага, соопшти денеска ФФМ.
-
Останати спортови 29.01.2024 18:54
Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти
Директорот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека буџетот за претстојните игри може да се зголеми за да се обезбеди безбедност на спортските делегации.
-
Фудбал 29.01.2024 15:52
Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига
Натпреварот од 22. коло на шпанското првенство одигран вчера против Осасуна (1:1) беше 521. за фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос во Примера.
-
Ракомет 28.01.2024 20:17
Франција е новиот Европски шампион
Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски првак откако во драматично финале успеа да го совлада светскиот првак Данска со 33-31, во завршницата што беше решена со две продолженија од по пет минути.
-
Ракомет 28.01.2024 17:28
Шведска со бронзен медал на ЕП 2024
Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Германија откако во мечот за третото место славеше над домаќинот со 34-31.
-
Тенис 28.01.2024 15:04
Синер триумфираше на Австралија опен
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Австралија опен, откако попладнево во финалето на грен – слем турнирот во Мелбурн го совлада Русинот Данил Медведев со 3-6, 3-6, 6-4, 6-4,6-3.
Дуелот траеше три часа и 46 минути и донесе врвен тенис.
-
Тенис 27.01.2024 15:06
Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Чинвен Женг од Кина во финалето на Австралија Опен 2024.
Мечот што траеше 1 час и 15 минути заврши со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.
Вкупниот награден фонд годинава на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.
-
Кошарка 27.01.2024 14:59
Дончиќ стана четвртиот играч во историјата на НБА со 73 поени
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143).
Според веб-страницата на НБА, Дончиќ постави нов личен рекорд за постигнати поени во натпревар од регуларниот дел од сезоната.







