Кошаркарите на Бостон изборија „мајсторка“ во финалето на Источната конференција во НБА лигата, совладувајќи го синоќа во шестиот натпревар Мајами со 104-103 на гостински терен, а победничкиот кош со звукот на сирената го постигна Дерик Вајт.
Спорт
-
Кошарка 28.05.2023 17:44
-
Фудбал 28.05.2023 17:41
Меси најдобар стрелец во историјата на петте најсилни европски лиги
Со ремито 1-1 на гостувањето во Стразбур, фудбалерите на ПСЖ синоќа ја освоија рекордната 11. шампионска титула во Франција, а Аргентинецот Лионел Меси изби на чело на вечната листа најдобри стрелци во петте најсилни лиги во Европа
-
Ракомет 27.05.2023 21:28
РК Еурофарм Пелистер е нов македонски ракометен шампион
Пехарот на Македонската ракометна федерација по 18 години повторно е во Битола.
-
Фудбал 27.05.2023 19:01
ФФМ го одржа редовното Генерално собрание
Фудбалската федерација на Македонија денес го одржа редовното Генерално собрание на кое присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022 година.
-
Тенис 27.05.2023 17:48
Алкараз: Не можам да кажам дали сум посилен од Надал на 20 години
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз одговори на прашањето дали е посилен од Рафаел Надал кога имал 20 години.
-
Ракомет 26.05.2023 18:32
ЕХФ привремено го суспендираше Драган Начевски
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) привремено го суспендираше Драган Начевски кој раководеше со судиската комисија, поради сè уште непотврдени информации за наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари.
-
Тенис 24.05.2023 21:25
Две победи на Лина Ѓорческа
Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло на турнирот во Словенија (Оточец). Ѓорческа немаше проблеми и за еден час игра ја совлада словенечката тенисерка Пиа Ловриќ со 2:0 во сетови. Во двата сета македонската тенисерка беше подобра со по 6:4.
-
Ракомет 24.05.2023 21:20
Ракометарките на Македонија со втор пораз на ЕП во Португалија
Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го доживеа вториот пораз на Европското првенство во португалскиот град Назаре. Ракометарките на Златко Мојсоски на вториот дуел беа поразени од Холандија, која славеше со 2-0 во сетови со убедлив резултат.
-
Кошарка 22.05.2023 21:15
Мајами го декласира Бостон со 128:102 за водство од 3:0
Кошаркарите на Мајами Хит не влегоа како фаворити во финалната серија на Истокот против Бостон Селтикс, но со фантастична игра веќе дојдоа до водство од 3:0. На последниот натпревар изминатата вечер славеа убедлива победа од 128:102.
-
Останати спортови 22.05.2023 20:54
Могамедгаџи Нуров, прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“
Прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“ во категоријата 97 кг. освои македонскиот борач Могамедгаџи Нуров.









