Во овој период на фудбалската сезона има и лични дилеми. Дарко Чурлинов доби понуда од Барнли, што не значи дека ќе заигра во англискиот фудбал иако е тоа сон на мнугумина.
Спорт
-
Фудбал 02.08.2022 21:04
-
Фудбал 02.08.2022 20:56
Две шанси за групна фаза за Шкупи, потежок пат за Шкендија
Во три децении македонски фудбал, само Вардар влезе во групната фаза од европските натпреварувања. Годинава се чини дека првпат од 2017-тата реално може да се надеваме дека наш клуб ќе мине есен играјќи на интернационалната сцена.
-
Останати спортови 31.07.2022 18:22
Илиевски трет, Поп Ацев четврти во водите на Сен Жан
Македонските маратонски пливачи секогаш држат чекор со светската елита, па нема причина да не бида така и годинава.
Александар Илиевски беше трет, а Евгениј Поп Ацев четврти на првата ултрамаратонска трка во натпреварувачката 2022-ра, на езерото Сен Жан во Канада.
-
Фудбал 31.07.2022 18:21
Еден век постоење на ФК Беласица
Англиските војнички чизми, коишто ја газеле Македонија на солунскиот фронт во Првата светска војна, го донеле фудбалот во нашите краишта, па љубовта кон играта во тој период во Струмица придонесува група ентузијасти да го формираат Фудбалскиот клуб Беласица, на денешен ден пред 100 години.
-
Останати спортови 31.07.2022 18:20
Три медали за македонските каратисти
По големата фрекфенција со успешни резултати во македонското карате, изгледа дека настана сушен период, па затоа за одбележување се трите медали на Македонија на Универзијадата во Лоѓ, Полска.
-
Кошарка 30.07.2022 18:58
Македонските кошаркари ќе играат со Црна Гора
Во кошарката летните активности се и во сениорски рамки.
-
Ракомет 30.07.2022 18:56
Искуство и надеж за РК Вардар, Дејан Манасков повторно ќе го носи црвено-црниот дрес
Дибиров замина, дојде Манасков. Вардар ја реши позицијата лево крило, а со тоа ги подгрева надежите кај навивачите дека и во претстојната сезона може да конкурира за пехарите на домашната сцена.
-
Тенис 25.07.2022 20:27
Ѓорческа со голем прогрес на ВТА листата
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која стигна до финалето на вредниот турнир во Чешка, денеска бележи голем прогрес на ранг-листата на најдобрите.
Напредуваше за 33 места и од 272-то сега е на 239-тото пред утрешниот нејзин настап на турнир во Италија.
-
Останати спортови 25.07.2022 20:23
Дуплантис и Амусан ги поместија границите
Највредниот резултат на завршниот ден на светското првенство во атлетика го постигна 22 годишниот шведски атлетичар Арманд Дуплантис кој постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап. Новата граница која ја постави олимпискиот шампион од Токио сега е на 6 метри и 21 сантиметар.
-
Останати спортови 25.07.2022 20:13
Сите почести за Вињегард
И повеќе од заслужено. Го победи двојниот победник Тадеј Погачар на најтешките етапи, ги освои Алпите и Пиринеите, демонстрира доминација и на Хронометарот.










