Македонските одбојкари повторно ќе бидат во елитниот квартет на Европската лига. Третпат откако натпреварувањето го носи епитетот „сребрена“, а вкупно седми во седмото учество, тие се најдоа во полуфиналето, годинава за нов дуел со стариот познаник Финска.
Спорт
-
Останати спортови 12.06.2022 20:36
-
Формула 1 12.06.2022 20:22
Проблемите на Ферари ги користи Ред Бул
Еден-два победа на болидите на Ред Бул на трката за големата награда на Азербејџан, што се возеше по улиците на Баку. Иако стартуваше од третата позиција, до петтиот сезонски триумф стигна актуелниот шампион Макс Верстапен, со голема предност пред својот клупски колега Серхио Перез.
-
Кошарка 11.06.2022 21:01
Голден Стејт израмни против Бостон во НБА финалето
Предводени од Стеф Кари, кошаркарите на Голден Стејт израмнија на 2:2 во финалето во НБА лигата против Бостон, откако славеа во Ти-Ди Гарден со 107:97.
-
Останати спортови 09.06.2022 20:15
Отворена е вратата за завршниот турнир во Будимпешта
Македонските одбојкари зедоа здив и се доближија до уште едно полуфинале во Европската лига.
-
Кошарка 09.06.2022 20:11
Бостон го одбрани домашниот паркет и води со 2-1
Бостон го зголеми видикот кон 18-тиот шампионски пехар во НБА лигата. Во третиот натпревар од финалната серија, Селтикс се радуваа дома против Голден Стејт со 116-100 и водат со 2-1.
-
Фудбал 09.06.2022 20:03
Македонските фудбалери против Грузија бараат пробив на врвот
Кога на менито се големи победи против репрезентации од рангот на Германија и Италија, фавритскиот статус им прилега на македонските фудбалери во УЕФА Лигата на нации.
-
Кошарка 09.06.2022 19:59
Бајиќ го објави списокот за завршницата од квалификациите за СП
Со синот на Врбица Стефанов, 17-годишниот Рубин од Канту, и без стандардниот Дамјан Стојановски, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ќе се подготвува за последните два натпревара во мундијалските квалификации.
-
Фудбал 08.06.2022 21:39
Милевски: Утре ќе се прашува Македонија!
Македонската фудбалска репрезентација е подготвена да ја пречека Грузија, утревечер (20.15 ч.), на стадионот „Тоше Проески“, во рамки на третото коло од Лигата на нации. Противникот е познат и веќе ни донесе радост, со славјето на гости во Тбилиси, кога обезбедивме пласман на ЕУРО 2020.
-
Фудбал 08.06.2022 21:36
Модриќ ќе игра за Реал и на 37 години
Беше јасно од поодамна, а денеска само се официјализираше. Најдобриот хрватски фудбалер и поранешна „Златна топка“, Лука Модриќ, потпиша нов едногодишен договор со новиот европски првак Реал Мадрид.
-
Тенис 08.06.2022 21:34
Само Јотовски го мина првото коло на турнирот во Скопје
На терените на тенискиот клуб Југ, во Скопје, се одвива главниот турнир на Фјучерс турнирот за мажи, вреден 25 илјади долари. Само еден од македонските тенисери успеа да го мине првото коло, Томислав Јотовски, во дуел со Олександар Пјелински од Украина.










