РК Алкалоид им се заблагодари на навивачите за поддршката на синоќешниот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп во СЦ „Борис Трајковски“, кој сепак не се одигра.
Спорт
-
Ракомет 26.05.2025 12:36
-
Фудбал 25.05.2025 15:23
Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид
Чаби Алонсо од 1 јуни официјално ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Договорот е потпишан до 2028 година. Тој го заменува Карло Анчелоти, кој ќе стане селектор на Бразил.
Алонсо доаѓа по историска сезона со Баер Леверкузен, освојувајќи ја Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.
-
Тенис 25.05.2025 14:48
Ѓоковиќ го освои 100-тиот АТП трофеј
Новак Ѓоковиќ стигна до својата 100-та титула на АТП турнејата, откако го совлада Хуберт Хуркач во финалето на турнирот во Женева. Натпреварот заврши по три сета – 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2), и траеше нешто повеќе од три часа.
-
Ракомет 25.05.2025 13:09
Историска вечер за Алкалоид – реванш финале против АЕК во Европскиот куп
Ракометарите на Алкалоид вечерва од 20:30 часот ќе го одиграат најзначајниот натпревар во своето постоење. Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, тие ќе го пречекаат АЕК од Атина во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп.
-
Кошарка 25.05.2025 10:36
Минесота доминираше над Оклахома и најави возбудливо финале на Западната конференција
Минесота Тимбервулвс забележаа убедлива победа над Оклахома Сити Тандер со резултат 143-101 на домашен терен, со што поведоа со 2-1 во финалната серија на Западната конференција.
-
Тенис 20.05.2025 11:18
Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП турнирот
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот „Macedonian Open“. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата.
-
Кошарка 20.05.2025 11:07
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето во НБА лигата
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА-лигата, откако на свој терен го добија седмиот натпревар против Денвер со 125-93 и вкупно со 4-3 во победи во плејоф-серијата.
-
Останати спортови 20.05.2025 10:57
Иџе го освои второто место на Европскиот шампионат на ридски патеки
Во Шпанија, на последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), Игор Стефановски Иџе го освои второто место. Трката во Шпанија за него беше трка за паметење.
-
Останати спортови 14.05.2025 10:55
Сениорите утре на собир во Струмица, комплетни на првиот тренинг
Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово.
-
Останати спортови 13.05.2025 14:03
Министерството за спорт покровител на ММА спектакл во Скопје
Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје.







