10 дена . Толку ја делат нашата најдобра ракометна репрезентација до првиот натпревар на европското првенство во Данска и обврската да се потврди високиот рејтинг и 5-тото место од последното европско во Србија.
Спорт
-
Ракомет 02.01.2014 14:02
-
Останати спортови 02.01.2014 14:01
Изненадување? Вреди да се проба
Со Србија, Словенија и Португалија македонските одбојкари од утре до недела во Ниш влегува во костец за најголемиот национален успех пласман на светски одбојкарски собир преку последниот трет квалификациски филтер.
-
Формула 1 02.01.2014 12:34
Будењето од кома за неколку дена
Здравствената состојба на Михаел Шумахер и натаму не се менува. Лекарите го одржуваат седумкратниот шампион во формула во индуцирана кома и постојано ги следат промените во неговиот мозок кој претрпе силна траума по несреќата на скијачката патека во Мерибел.
-
Кошарка 02.01.2014 12:31
Индијана се сопна, Денвер тоне, 236 коша во Минеаполис
Во новата 2014, Индијана влезе со најдобар биланс во НБА лигата (25-5), но во првојануарската вечер потклекна во Торонто. Репторс продолжуваат како преродени по трампата со којашто Руди Геј го испратија во Сакраменто.
-
Останати спортови 02.01.2014 12:29
Лауреати Исинбаева и Фарах
Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) ги прогласи атлетичарите Мо Фарах и Јелена Исинбаева за најдобри спортисти за 2013.
-
Кошарка 02.01.2014 11:57
Почнува ТОП 16 фазата
Најдобрите 16 екипи во кошаркарската Евролига денеска ќе го отворат вториот групен сегмент во елитната клупска конкуренција. Во него сите ривали ќе влезат од почетна позиција, што значи дека не се бројат досегашните резултати.
-
Формула 1 01.01.2014 18:06
Мирна ноќ за Шумахер
Најважната спортска желба за здравје во новата година е за Михаел Шумахер. Состојбата на седумкратниот формула еден шампион е стабилна, но и натаму критична.
-
Кошарка 01.01.2014 18:05
18-та победа за Атланта и за Антиќ
И во преминот од 2013-та во 2014-та, НБА ноќта имаше македонски шмек. Атланта ја оствари 18-тата победа и тоа на гости кај Бостон. Во триумфот од 92:91 Перо Антиќ учествуваше со 22 минути и со по пет поени и скока.
-
Останати спортови 01.01.2014 18:03
Кипсанг - Ротич непобедлив во Сао Паоло
Уште една спортска традиција опстојува долго. Веќе 89 години уличната трка во Сао Паоло ја испраќа старата и ја дочекува новата година.
-
Останати спортови 01.01.2014 18:02
Победа во Гармиш на Дитхарт за вечно паметење
Скокови во Гармиш - 62 години традиција и синоним за уживање во првиот ден од Новата година. А има ли подобро време и место од први јануари и Гармишпартенкирген за дебитанска победа во Светскиот куп и тоа остварена на „Новогодишната турнеја четири скокалници“.










