Најмалку 15 мигранти загинаа, а петмина се спасени откако им потонал чамец во близина на грчкиот остров Лезбос. Според крајбрежната служба, акцијата се одвивала под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер.
-
Свет 06.10.2022 09:04
-
Свет 06.10.2022 09:02
Зеленски: Напредуваме во Херсонската област
Украинските сили ослободија уште три града во јужниот дел на регионот Херсон-изјави Зеленски во редовното видеообраќање. Според западните експерти Херсонската област е клучот за одредување на натамошниот тек на војната во Украина, која засега оди во правец на пораз на Русија.
-
Свет 05.10.2022 21:10
Путин нареди нуклеарната централа Запорожје да се стави под руска контрола
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој и се наложува на руската влада формално да ја преземе контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје и да ја претвори во „федерална сопственост“.
-
Свет 05.10.2022 14:21
Нобелова награда за хемија за тројца научници
Нобеловата награда за хемија е доделена на тројца научници-Каролин Бертоци, бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и био-ортогонална хемија“ кои сега придонесуваат во третманите за рак, меѓу останатите други примени-соопшти Кралската шведска академија.
-
Свет 05.10.2022 14:20
Прв говор на Трас како лидер на Ториевците
Премиерката на Обединетото Кралство Лиз Трас го одржа својот прв говор како лидер на Конференцијата на Конзервативната партија, бранејќи ги нејзините економски политики и ветувајќи зајакнување во одбраната и границите.
-
Свет 05.10.2022 12:30
Назначени вршители на должности на припоените области
Рускиот претседател Путин потпиша четири федерални уставни закони за пристапување кон Русија на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, и на регионите Запорожје и Херсон во Украина и назначи нивни привремени водачи.
-
Свет 05.10.2022 09:54
Опфатени 37 земји, убиени над 47 милиони птици
Епидемијата на птичјиот грип оваа сезона зафати вкупно 37 европски земји, а вирусот за прв пат го премина Атлантикот долж миграциските патишта, предизвикувајќи тешка епидемија кај живината во неколку канадски провинции и американски држави.
Уништени се 47,7 милиони птици.
-
Свет 05.10.2022 09:53
Шојгу: Ангажирани се повеќе од 200.000 резервисти
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека руската војска ангажирала повеќе од 200.000 резервисти во рамки на делумната мобилизација, која почна пред две недели.
-
Свет 05.10.2022 09:53
Јужна Кореја и САД истрелаа проектили како одговор на Пјонгјанг
Јужнокорејската и американската војска спроведоа ракетни вежби при што истрелаа неколку ракети со краток дострел во морето како одговор на севернокорејското лансирање балистичка ракета над Јапонија.
Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата „хјунму-2“ паднала набргу по лансирањето.
-
Свет 05.10.2022 09:46
Расправа за проширување на Шенген-зоната
Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната. Се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.










