Железничкиот сообраќај во северниот дел на Германија во саботата бил во прекин на три часа поради саботажа, се наведува во соопштението на германската новинска агенција DPA, која го пренесе соопштението на државниот железнички оператор Дојче Бан.
-
Свет 08.10.2022 17:27
-
Свет 08.10.2022 14:12
Се запали автобус во Индија, најмалку 10 лица загинаа
Опожарен автобус се судри со камион во западна Индија, при што загинаа над 10 патници. Поради повреди се хоспитализирани 24 лица.
-
Свет 08.10.2022 12:24
Експлозија на Кримскиот мост
Експлозија на камион-бомба на мостот што ја поврзува Русија со Крим. Руски медиуми објавија снимки од уништената патна и железничка инфраструктура и од опожарените возила.
-
Свет 08.10.2022 09:39
Вонредна состојба против приливот на мигранти
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс прогласи вонредна состојба поради приливот на мигранти. Смета дека е невозможно да им се обезбедат сместување и помош во градот кој се справувал со последиците од Ковид-кризата.
-
Свет 08.10.2022 09:38
Експлозија на бензиска пумпа, има жртви
Неколку жртви по експлозија на бензинска пумпа во Донегал, Ирска. Оштетени се многу возила, а уништен е и покривот на станбената зграда до станицата „Еплгрин“.
Во спасувачките операции се вклучи и ирската крајбрежна стража.
-
Свет 08.10.2022 09:38
Пјонгјанг: Ракетните тестови се самоодбрана од заканите на САД
Северна Кореја ги оправдува ракетните тестови како самоодбрана поради директни воени закани на САД кои воведоа нови санкции.
Пјонгјанг не гледа загрозување на безбедноста на соседните земји и региони.
-
Свет 07.10.2022 20:11
Фон дер Лајен најави конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергентите
Европската комисија за неколку недели ќе објави конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергентите, најави претседателката Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот самит на Европската унија во Прага, јавија дел од светските медиуми.
-
Свет 07.10.2022 14:44
Колона возила со телата на убиените деца во градинка
Колона возила со телата на децата што беа брутално убиени во вчерашниот напад на детска градинка во североисточниот дел на Тајланд минаа низ улиците на Кланг.
-
Свет 07.10.2022 12:34
Белоруски, руски и украински активисти за права добитници на Нобеловата награда за мир
Доделени Нобеловите награди за мир. Годинашни добитници се Алес Бељацки од Белорусија, како и руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи, соопшти комитетот во Осло.
-
Свет 07.10.2022 12:25
Бајден: Постои голем ризик од нуклеарна војна
Украинската војска продолжува со офанзивата на југот и истокот од земјата. Киев тврди дека Русија за прв пат го нападнала Запорожје со беспилотни летала. Покрај Украина и Меѓународната агенција за атомска енергија, предупредување и од САД.










