• Свет 10.10.2022 09:27

    Путин свика седница на Советот за безбедност

    Серија експлозии во центарот на Киев. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Украина организирала терористички напад врз Кримскиот мост што ги поврзува Русија и Полуостровот кој беше анектиран во 2014 година. За денеска побара седница на рускиот Совет за безбедност.

  • Свет 09.10.2022 20:01

    Моравјецки: Европа е наднационално чудовиште

    Премиерот на Полска Тадеуш Моравјецки ја критикуваше Европската унија поради заспаност во однос на руската агресија во Украина. Тој ги обвини европските елити дека и верувале на Москва сметајќи ја за партнер од доверба.

  • Свет 09.10.2022 19:49

    Ван дер Белен победник во првиот круг од претседателските избори во Австрија

    Според првите изборни проекции на австрискиот јавен сервис ОРФ, сегашниот претседател Александар Ван дер Белен треба да биде реизбран по денешните избори.

  • Свет 09.10.2022 13:06

    Тинејџери затруени од непозната супстанца

    Најмалку 50-тина ученици се отруени со непозната супстанца во средно училиште во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија локалните власти. Ова е трето масовно труење во училиште во изминатите две недели, што предизвика страв и гнев кај учениците и кај нивните родители.

  • Свет 09.10.2022 12:57

    Претседателски избори во Австрија, Ван дер Белен во водство

    Претседателски избори во Австрија. Најголема популарност има претседателот Александар Ван дер Белен кој се бори за втор мандат.

  • Свет 09.10.2022 12:53

    Редици на бензиските пумпи во Франција, возачите полнат гориво во Белгија

    Редици на бензиските пумпи во Франција, поради штрајк на вработените во компанијата „Тоталенерџиз“. Возачите полнат гориво во Белгија.

  • Свет 09.10.2022 12:48

    Северна Кореја истрела две ракети по воените вежби на САД и Јужна Кореја

    Северна Кореја синоќа истрела два балистички проектила в море, седми пат во период од две недели – соопшти јапонската Влада.

    Американската војска изјави дека соработува со сојузниците по последната проба, која според нив, не претставува опасност за нивните трупи во регионот.

  • Свет 09.10.2022 12:36

    Кримскиот мост повторно во функција

    Зголемено обезбедувањето на Кримскиот мост по експлозијата во која имаше жртви и голема материјална штета. По поправката на уништените делници, сообраќајот почна да се одвива со ограничен обем.

  • Свет 09.10.2022 09:01

    Силен земјотрес во Грција

    Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција.

    Епицентарот на земјотресот е регистриран на оддалеченост од 26 километри од градот Амфиса, главниот град на префектурата Фокида во централна Грција.

    Информациите за штетите сè уште не се познати.

  • Свет 08.10.2022 18:51

    Поддржувачите на Асанж одржаа протест во Лондон

    Следбениците на Џулијан Асанж формираа човечки синџир околу Парламентот во Лондон. Стотици поддржувачи побараа ослободување на основачот на Викиликс кој од затворот Белмарш треба да биде испорачан на Соединетите Американски Држави.

Pages