„Народот избра, ова е негово право, наведено во начелата на Обединетите нации“, порача рускиот претседател Путин по потпишувањето на указот за присоединување на четирите украински територии кон Русија.
-
Свет 30.09.2022 15:23
-
Свет 30.09.2022 15:22
Од полноќ изборен молк во БИХ
Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк. Вo недела се одржуваат општите избори. На листите има 127 политички субјекти, од нив 72 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.
-
Свет 30.09.2022 14:29
ЕУ ги истражува можностите за руска вмешаност во оштетувањата на „Северен тек“
По пријавата за четвртото истекување од гасоводот „Северен тек“ во Балтичко море, не стивнуваат реакциите и обвинувањата за саботажа. НАТО предупреди дека секој намерен напад врз критичната инфраструктура на сојузниците ќе биде дочекан со обединет и решителен одговор.
-
Свет 30.09.2022 13:14
ЕУ разгледува мерки за цената на гасот
Министрите за финансии, индустрија и енергетика на Европската унија во Брисел решаваат за донесување на три мерки со што ќе се ограничи растењето на цената на енергенсите за да им се помогне на граѓаните и компаниите.
-
Свет 30.09.2022 12:59
Путин го потпиша указот за присоединување на четирите украински територии
На Црвениот плоштад во Москва, на свечена церемонија, Претседателот Путин го потпишува указот за присоединување на четирите украински територии кон Русија. Лидерите на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје присутни на големото обраќање на претседателот Путин.
-
Свет 30.09.2022 12:43
Бугарија: ГЕРБ во предност пред „Продолжуваме со промената“
На два дена пред гласањето на парламентарните избори во Бугарија, ГЕРБ е во предност пред „Продолжуваме со промената“ со нешто над девет проценти, покажуваат резултатите од истражувањето на Галуп“.
-
Свет 30.09.2022 12:06
Морнариците на Јужна Кореја, САД и Јапонија спроведоа антиподморнички вежби
Морнариците на Јужна Кореја, САД и на Јапонија спроведоа трилатерални антиподморнички вежби првпат во пет години. Ова се случува во ек на тензии поради низата севернокорејски ракетни тестирања. Вежбите беа одржани во меѓународните води близу источниот брег на корејскиот полуостров.
-
Свет 30.09.2022 11:17
Остин: Прерано е да се каже кој би можел да стои зад прекинот на гасоводот „Северен тек“
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде одговорен за инцидентите на гасоводот „Северен тек“.
-
Свет 30.09.2022 10:06
Зеленски: Путин мора да биде запрен
Русија може да ги избегне најлошите последици од војната против Украина, но за да се случи тоа, претседателот Путин мора да биде запрен, повика украинскиот претседател Зеленски.
-
Свет 30.09.2022 09:57
Најмалку 19 загинати во напад на испитен центар во Кабул
Најмалку 19 лица загинаа, а голем број се повредени во самоубиствен напад во Кабул, соопшти авганистанската полиција. Нападот се случил во близина на едукативен центар во западниот дел, додека студенти полагале испит. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.










