Најмалку 19 лица загинаа, а голем број се повредени во самоубиствен напад во Кабул, соопшти авганистанската полиција. Нападот се случил во близина на едукативен центар во западниот дел, додека студенти полагале испит. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
-
Свет 30.09.2022 09:57
-
Свет 30.09.2022 09:48
Моќниот ураган Ијан направи пустош на Флорида
Жителите на Флорида останаа заробени во налетот на ураганот Иjан кој вчера уништи илјадници домови. Флорида потона во мрак, без електрична енергија останаа илјадници жители.
-
Свет 29.09.2022 20:47
Ураганот Иан предизвика огромни штети на Флорида
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, соопшти дека ураганот Иан предизвикал историска штета во оваа сојузна американска држава. Ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот, нагласи ДеСантис.
-
Свет 29.09.2022 19:56
Ердоган ќе разговара со Путин за Украина
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина. Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина.
-
Свет 29.09.2022 18:59
Зеленски свика итен состанок на Советот за безбедност
Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика за утре итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
-
Свет 29.09.2022 13:07
Русија утре и формално ќе ги анектира четирите украински региони
Рускиот претседател Владимир Путин утре и формално ќе ги потпише документите за анексија на уште четири украински региони во кои изминатиот викенд се одржаа самонаречени референдуми, што Украина и Западот ги осудија како лажни, јави Би-би-си.
-
Свет 29.09.2022 12:31
Камала Харис во демилитаризираната зона на Корејскиот полуостров
Американската потпретседателка Камала Харис ја обиколи демилитаризираната зона што го дели Корејскиот полуостров во рамките на нејзината посета на Јужна Кореја.
-
Свет 29.09.2022 12:31
Чешка повторно воведе гранични проверки поради новиот мигрантски бран
Чешката Влада реши повторно да ги воведе граничните контроли со Словачка поради новиот миграциски бран. Мерката стапи денеска на 27 гранични премини меѓу две земји од ЕУ кои припаѓаат на европската шенген зона, каде што е можно безвизно патување и ќе трае најмалку 10 дена.
-
Свет 29.09.2022 12:28
Авганистанки протестираа пред Амбасадата на Иран во Кабул
Талибанците пукаа во воздух за да ги растераат жените кои пред амбасадата на Иран во Кабул изразуваа поддршка на иранките кои со денови протестираат.
-
Свет 29.09.2022 12:11
Ураганот Иан ја погоди Флорида – катастрофални поплави, прекини на струја
Обилните дождови и ветришта со јачина од над 200 километри на час што ги донесе ураганот Иан предизвикаа катастрофални поплави на Флорида. Поројот носеше се пред себе. Автомобили, откорнати дрвја. Поплавени домови и метроа. Водата им ја отежна работата и на пожарникарите.









