• Свет 30.11.2022 09:33

    Лансиран нов вселенски брод

    Кина лансираше нов вселенски брод Шенжу-15, со тричлен екипаж за да ја заврши последната фаза од изградбата на вселенска станица Тиангонг.

  • Свет 30.11.2022 09:32

    Се шири бранот демонстрации против кинеските мерки

    Бранот демонстрации против рестриктивните Ковид мерки на кинеските власти се шири и надвор од Кина. Стотици демонстранти се собраа пред Конзулатот во Њујорк, барајќи оставка од лидерот, Кси Џинпинг. Им оддадоа почит на жртвите во пожарот во висококатницата во Ксинџијанг.

  • Свет 30.11.2022 09:31

    Подигната борбена готовност

    Јужна Кореја подигна борбени авиони откако два кинески и шест руски авиони влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на земјата.

    Кинеските бомбардери неколку пати влегувале и излегувале во забранетата зона.

  • Свет 30.11.2022 09:31

    Зеленски: Се бориме за правда

    Украинскиот претседател Зеленски бара од Обединетото Кралство да преземе водечка улога во создавањето на специјален трибунал за да ја натера Русија да одговори за нејзината воена агресија.

  • Свет 29.11.2022 20:28

    Столтенберг: НАТО испраќа во Украина дополнителна помош во гориво и агрегати

    Првиот човек на Алијансата, генералниот секретар Јенс Столтенберг, вечерва во Букурешт изјави дека шефовите на дипломатиите на нејзините членки попладнево одлучија да и испратат на Украина дополнителна помош во гориво и агрегати и додаде дека поддршката за таа земја ќе биде долгороична.    

  • Свет 29.11.2022 13:57

    По 40 години еруптираше вулканот Мауна Лоа

    Најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа на Хаваи, еруптираше првпат по речиси 40 години. Лавата од кратерот на Големиот остров не е закана за населбите, така што не е наредена евакуација.

  • Свет 29.11.2022 13:50

    Продолжува потрагата по четворицата исчезнати во свлечиштето на Искија

    Продолжува потрагата по четворицата исчезнати во свлечиштето на италијанскиот остров Искија. Поројните дождови урнаа голем дел од планината Епомео, при што загинаа осум луѓе. 30 куќи се сè уште под кал и вода, а над 200 жители останаа без дом.

  • Свет 29.11.2022 12:45

    Руските сили го гранатираа Дњепар, нема повредени

    Руските сили истрелаа четири проектили кон Дњепар. Нема повредени. Според шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, нападот предизвикал сериозна штета по што избувнал пожар, кој пожарникарите го изгаснале. Руските сили ја нападнале областа со ракетни фрлачи и тешка артилерија.

  • Свет 29.11.2022 11:44

    Задушени антиковид протестите во Кина

    Полицијата излезе на улиците на големите кинески градови за да спречи нови демонстрации против ковид-ограничувањата. Планираните протести во Пекинг не се реализираа, а во Шангај беа поставени големи бариери долж главната маршрута на демонстрантите.

  • Свет 29.11.2022 09:58

    Поради поскапувањето се затвораат стадиони, библиотеки, театри, базени

    Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата.

Pages