Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора, закажан за в понеделник. Утрово беше извршена проба за церемонијата, во којашто учествуваа илјадници војници.
-
Свет 17.09.2022 09:19
-
Свет 16.09.2022 15:54
Русија и Кина ги здружуваат силите
Рускиот претседател Путин против напорите за формирање на „еднополарен свет“, а кинескиот Џинпинг за играње на улога на „велесила“ со Русија.
-
Свет 16.09.2022 14:01
Страшно невреме ја зафати Хрватска
Откорнати покриви, урнати дрвја, превртени камиони по невремето кое зафати делови од Хрватска.
Најкритично е во регионот меѓу Загреб и Бјеловар. Ветерот достигнувал брзина и од 100 км/ч.
-
Свет 16.09.2022 13:58
Двајца полицајци избодени со нож во центарот на Лондон
Двајца британски полицајци беа избодени со нож денеска во центарот на Лондон, напаѓачот е во притвор, пишуваат медиумите, повикувајќи се на Скотланд Јард.
Полицајците се пренесени во болница, каде им се пружа медицинска помош.
-
Свет 16.09.2022 11:50
Глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина
Русија употребила повеќе од 3.800 проектили против Украина, тврди претседателот Зеленски. Според него, глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина од руски ракети и дека само поддршката со оружје, муниција и финансии ќе донесе крај на војната.
-
Свет 16.09.2022 11:19
Најмалку седум загинати во поплави во Италија
Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми.
-
Свет 16.09.2022 10:19
Најмалку девет лица загинаа во стампедо на концерт во Гватемала
Најмалку девет лица загинаа, вклучително и две 12-годишни деца, во стампедо на рок концерт во градот во западна Гватемала. Според властите и службите за итни случаи повредени се шест лица.
-
Свет 16.09.2022 10:18
Ер Франс откажа половина од летовите поради штрајк
Ер Франс откажува 55 насто од летовите на кратки и средни дестинации и 10 проценти од летовите на долги релации поради штрајкот на француските контролори на летање.
-
Свет 16.09.2022 10:18
Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите
Претставниците на Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни.
-
Свет 16.09.2022 10:17
Зеленски: Русија употребила 3.800 проектили
Русија употребила повеќе од 3.800 проектили против Украина, вели претседателот Зеленски. Според него, глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина од руски ракети и дека само поддршката со оружје, муниција и финансии ќе донесе крај на војната.










