Киев тврди дека руските сили се протерани уште од 20 населби на јужниот и источниот фронт. Москва призна загуба на клучните градови, а повлекувањето на војската го опиша како дека прегрупирање за победа во Донбас.
-
Свет 13.09.2022 14:47
-
Свет 13.09.2022 12:26
Договорен прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија
Баку и Ереван договориле прекин на огнот во најновиот конфликт во кој има и човечки жртви. Во текот на ноќта дошло до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат за ескалацијата на состојбата.
-
Свет 13.09.2022 09:33
Осум жртви во пожар во Индија
Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија. Пожарот избувнал вчера во подрум на изложбен хотел во јужниот индиски град Секундерабад.
-
Свет 13.09.2022 09:32
Прогласен нов претседател на Генералното собрание на ОН
Дипломатот од Унгарија, Чаба Короши, положи заклетва како нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Во својот говор по инаугурацијата, Короши рече дека војната во Украина мора да заврши што е можно поскоро и да се постигне прекин на огнот.
-
Свет 13.09.2022 09:32
Зеленски: Вратена контрола на 6.000 квадратни километри
Украинската армија повторно ја поврати контролата на над речиси 6.000 квадратни километри територија окупирана од руските сили, изјави претседателот Зеленски.
-
Свет 13.09.2022 09:31
Нови борби меѓу Ерменија и Азербејџан
Ерменија соопшти дека рано утринава вооружените сили на Азербејџан отвориле оган во правец на неколку ерменски градови. Објавено е дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура.
-
Свет 12.09.2022 17:57
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора положен во катедралата Сент Џајлс во Единбург
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е положен во катедралата Сент Џајлс во Единбург.
-
Свет 12.09.2022 16:12
Прво обраќање на кралот Чарлс Трети во Вестминстер
Кралот Чарлс Трети во прва посета на Вестминстер како монарх на специјалната седница на која пратениците и оддаваат почит на неговата мајка, кралицата Елизабета втора. Во парламентот има и прво обраќање како крал.
-
Свет 12.09.2022 12:42
Судење за осомничените во терористичките напади од 2016 година
Во Брисел почна судење на осомничените за учество во терористичките напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени на аеродромот и метростаницата.
-
Свет 12.09.2022 12:41
Пукање во Марсеј, има мртви
Две лица загинаа во престрелка во Марсеј. Сторителите отвориле оган врз возило на автопатот. Убиените се на возраст од 20 до 30 години, а нивниот идентитет засега е непознат.
Годинава во овој регион се убиени 22 лица, а многу случаи се поврзани со трговија со дрога.










