• Свет 03.03.2022 10:22

    Франција им препорачува на своите државјани да ја напуштат Русија

    Француското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите државјани, чие присуство во Русија не е суштинско, да ја напуштат земјата сѐ додека постојат воздушни врски со оваа земја, која е ставена под меѓународни санкции поради инвазијата на Украина.

  • Свет 03.03.2022 09:46

    Русија ги интензивира нападите врз Украина

    И натаму жестоки борби на улиците во Украина. Загинати и повредени во Киев. Силна експлозија синоќа одекна во близина на централната железничка станица во престолнината. Жртви и во вториот по големина украински град Харков. Локалните медиуми известија за напад на училиште со оштетен вид.

  • Свет 02.03.2022 15:44

    Продолжуваат борбите во Украина

    Седми ден од руските напади врз украинските градови. Се интензивираат борбите во Харков и Керсон кој во близина на полуостровот Крим. Погоден е и градскиот совет на Харков, а уништен е и дел од зградата на полиција, опколен е Мариупол. Ракетиран е и Житомир.

  • Свет 02.03.2022 13:19

    Седми ден руска инвазија на Украина, борби во неколку градови

    Руските напади врз украинските градови продолжуваат. Од ноќеска се водат борби во Харков и Керсон кој се наоѓа во близина на полуостровот Крим. Опколен е Мариупол. Ноќеска е ракетиран градот Житомир. Има податоци за загинати и повредени цивили.

  • Свет 02.03.2022 11:59

    Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Нов Зеланд

    Со солзавец полицијата ги растера демонстрантите во Нов Зеланд кои веќе три недели кампуваа пред Парламентот. Стотици граѓани кои што се противат на вакцините против коронавирус со речиси 300 автомобили, комбиња и камиони ги блокираа улиците во областа.

  • Свет 02.03.2022 11:25

    Најголемата руска банка, Сбербанк се повлекува од Европа

    Најголемата руска банка Сбербанк соопшти оти се повлекува од европскиот пазар, затоа што е погодена од огромни финансиски санкции кои беа воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, известуваат руските агенции.

  • Свет 02.03.2022 10:21

    Спречен обид за атентат врз украинскиот претседател Зеленски

    Украинските власти соопштија дека уништиле елитна група чеченски борци кои планирале да го убијат претседателот Володимир Зеленски, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

  • Свет 02.03.2022 10:06

    Се вжештува војната во Украина

    Руските и украинските сили од ноќеска водат борби во Харков и Херсон. Во Харков веќе слетале и руски падобранци. Од украинското МВР велат дека нема области кои не се погодени од гранати. Нападнат е и воено-медицински центар.

  • Свет 02.03.2022 09:31

    Тринаесет луѓе настрадаа во поплавите во Австралија

    Најмалку 13 загинати во поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија.  Се предвидуваат силни грмотевици и изобилни дождови и во Квинсленд и во Нов Јужен Велс, а поширокиот регион на Сиднеј, исто така, се подготвува за потенцијални поплави опишани како опасни по живот.Според властите, на

  • Свет 01.03.2022 15:25

    Зеленски до ЕУ: Докажете дека сте со нас

    Бомбардирани станбени згради, загинати и повредени. Се засилуваат борбите во Украина. Жестоки гранатирања во Харков, погоден е и главниот плоштад. Од Агенцијата на Обединетите нации велат дека 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Pages