Европскиот совет и Европската комисија заеднички со осуда за руската инвазија во Украина. Лидерите на земјите членки на ЕУ на вонреден самит. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен со осуда за, како што рече, варварскиот напад и циничните аргументи за да се оправда тоа.
-
Свет 24.02.2022 14:08
-
Свет 24.02.2022 13:25
Нападнат воениот аеродром во близина на Киев
Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери.
-
Свет 24.02.2022 12:22
Украина: Експлозии во повеќе градови, граѓаните бараат засолништа
Русија почна воена операција во Украина. Се слушаат експлозии во повеќе градови во земјата, се огласија сирените за опасност. Нападот почна изутрината, откако рускиот претседател Путин во телевизиско обраќање соопшти дека наредил специјална воена операција за демилитаризирација на Украина.
-
Свет 24.02.2022 12:01
Загинати повеќе од 40 украински војници и 10 цивили
Од кабинетот на украинскиот претседател соопштуваат дека во првите часови на руската инвазија врз Украина загинати се повеќе од 40 украински војници и 10 цивили.
-
Свет 24.02.2022 11:49
Русија: Воздушните напади не се насочени кон цивили
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите.
-
Свет 24.02.2022 10:01
Реакции по нападот на Украина
Во овие тешки времиња ние сме со Украина – министерот за надворешни работи Бујар Османи со осуди за нападот на Русија врз Украина.
-
Свет 24.02.2022 09:47
Столтенберг: НАТО ќе направи се за да ги заштити интересите на сојузниците
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен и неиспровоциран напад“ врз Украина, предупредувајќи дека тоа загрозува „безброј“ животи.
-
Свет 24.02.2022 09:36
Русија ја нападна Украина, прогласена воена состојба
Почна рускиот напад врз Украина. Медиумите јавуваат дека се слушаат експлозии во повеќе градови во земјата, а руски воени единици и оклопни тенкови се забележани во Украина. Се огласија сирените за опасност.
-
Свет 24.02.2022 09:23
Москва: Сузбиена воздушната одбрана на Украина
Руското Министерство за одбрана, цитирано од руската новинска агенција Интерфакс, соопшти дека „воздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната“, пренесува Би-Би-Си.
Украинската војска претходно соопшти дека нејзините воздушни сили го одбиле воздушниот напад од Русија.
-
Свет 24.02.2022 08:07
Русија ја нападна Украина
Руските трупи ја нападнаа Украина од Русија и Белорусија, јави украинската гранична служба. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборува за „војна од големи размери“.





