Жестоки борби во Украина. Руската армија напаѓа од повеќе правци. Километарска колона руски оклопни возила е пред главниот град Киев. Руските сили го гранатирале плоштадот на слободата во Харков.
-
Свет 01.03.2022 09:58
-
Свет 01.03.2022 08:07
Телефонски разговор Лавров-Додик
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал вчера со лидерот на Република Српска Милорад Додик, а една од темите била спроведувањето на договорот кој во декември минатата година го склучија тој и рускиот претседател Владимир Путин, потврди руската амбасада во Сараево
-
Свет 28.02.2022 19:18
Преговорите завршија, најавена нова средба
Завршија преговорите во близина на Припјат, градот симбол на чернобилската неклеарна катастрофа. По неколку часа разговори украинската и руската делегација заминаа дома на консултации. Следните преговори се закажани. Ќе да одржат на Полско- белоруската граница.
-
Свет 28.02.2022 16:16
Стејт департментот им препорача на Американците да ја напуштат Русија
Американскиот Стејт департмент им препорача на своите граѓани што се наоѓаат во Русија веднаш да ја напуштат државата.
„Американските граѓани треба веднаш да размислат за напуштање на Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, соопшти Стејт департментот.
-
Свет 28.02.2022 15:51
Мировни преговори, борбите продолжуваат
Обид за мировни преговори на Украинско- белоруската граница. Итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи- главни барања на Киев. Русија тврди дека е заинтересирана да се стави крај на кризата.
-
Свет 28.02.2022 12:45
Светот во исчекување на исходот од преговорите
Обид за мировни преговори на украинско-белоруската граница. Итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи-главни барања на Киев. Русија тврди дека е заинтересирана да се стави крај на кризата.
-
Свет 28.02.2022 12:26
НАТО ја засилува воената поддршка за Украина
НАТО сојузниците ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на Твитер генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
-
Свет 28.02.2022 12:16
Кина е подготвена да соработува со САД на иницијативата „Да изградиме подобар свет“
Кина е подготвена да соработува со САД на глобалниот инфраструктурен план предводен од Г7 и е отворена за приклучување на Вашингтон на нејзината иницијатива „Појас и пат“, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
-
Свет 28.02.2022 10:21
Расте цената на нафтата на светските берзи
По големите осцилации на крајот на минатата недела, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 отсто на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,6 отсто на 91,59 долари.
-
Свет 28.02.2022 10:00
Продолжува руската офанзива, се очекуваат преговори
Четврти ден од руската инвазија врз Украина. Борбите не стивнуваат. Светот во исчекување на преговорите во резиденцијата на регионот Гомел. Состанокот треба да почне штом пристигнат делегациите на Русија и Украина – тврдат белоруските власти.









