• Свет 03.11.2021 10:08

    САД: Нова фаза од кампањата за вакцинација на децата

    Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината на „Фајзер“ откако американската Агенција за лекови ја одобри нејзината употреба за таа возрасна група кон крајот на минатата недела.

  • Свет 03.11.2021 09:41

    Два земјотреси го погодија Крагуевац

    Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја потресе Србија. Потресот се случил 25 минути по полноќ со епицентар на десетина километри јужно од Крагуевац и длабочина од 2 километри.

  • Свет 02.11.2021 13:47

    КОП26: Крај на дефорестацијата до 2030 година

    Над 100 светски челници кои се дел од климатската конференција во Глазгов ветија дека до крајот на деценијата ќе го запрат уништувањето на шумите и почвата. За оваа цел ќе обезбедат 19 милијарди долари од јавните и приватните средства.

  • Свет 02.11.2021 11:52

    Бугарија: Пратени 350 војници на границата со Турција поради мигрантскиот бран

    Бугарија прати 350 војници на границата со Турција поради зголемениот број мигранти.

    „Од јануари до септември биле уапсени над 6.500 лица, повеќето од Авганистан, што е три пати повеќе отколку во истиот период во 2020 година“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

  • Свет 02.11.2021 10:37

    Брегзит: Париз ги одложува санкциите за Лондон

    „Франција ги одложува санкциите за Обединетото Кралство, продолжуваат преговорите околу правилата за риболов“, изјави претседателот Емануел Макрон.

  • Свет 02.11.2021 10:11

    Декларација за заштита на шумите до 2030 година

    Над 100 светски челници кои се дел од климатската конференција во Глазгов ветија дека до крајот на деценијата ќе го запрат уништувањето на шумите и почвата. За оваа цел ќе обезбедат 19 милијарди долари од јавните и приватните средства.

  • Свет 01.11.2021 14:49

    Светските лидери на самит за спас на планетата

    „Светлата на климатската табла трепкаат црвено“- упатен апел за будење на светот на првиот ден од двонеделниот самит на ООН за климата во Глазгов.

  • Свет 01.11.2021 14:19

    Унгарија: Декрет на вакцинација за работа

    Унгарската влада издаде декрет со кој на работодавачите им се овозможува да побараат од нивниот персонал да биде имунизиран против Ковид-19 како услов за работа, доколку сметаат дека тоа е неопходно во интерес на безбедноста на вработените.

  • Свет 01.11.2021 11:25

    Светските лидери на конференција на ОН за климата

    Иницијативата за напуштање на јагленот, шумите, нивната заштита и финансиите ќе бидат во фокусот на самитот на ООН за климата во Глазгов.

  • Свет 01.11.2021 09:57

    Портпаролката на Белата куќа позитивна на Ковид-19

    Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус и има благи симптоми. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим.

Pages