Околу 200 земји ќе учествуваат на самитот за климатските промени во Глазгов.
-
Свет 31.10.2021 17:20
-
Свет 31.10.2021 15:12
Лидерот на Талибаците првпат се појави во јавност
Лидерот на Талибанците, Хабатула Ахунџада првпат се појави во јавност во јужниот авганистански град Кандахар. Им се обрати на поддржувачите и побара божји благослов за водството на Талибанците.
-
Свет 31.10.2021 10:49
Самит за иднината на планетата во Глазгов
Околу 200 земји ќе учествуваат на самитот за климатските промени ЦОП26, кој почнува денеска во Глазгов со една година одложување поради пандемијата.
-
Свет 31.10.2021 09:34
Протест во Рим за климата и распределбата на вакцините
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Рим за да ги повикаат лидерите на Групата 20 најразвиени економии да реагираат на климатските промени и да обезбедат праведен пристап до вакцините против коронавирусот.
-
Свет 29.10.2021 12:45
Климатските промени во фокусот на самитот на Г20
Силно полициско обезбедување во Рим поради најавените протести за време на претстојниот самит на дваесетте најразвиени земји во светот. Покрај економијата и пандемијата со Ковид-19, меѓу главните теми на агендата е и ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
-
Свет 29.10.2021 11:38
Германија: Ултрадесничарските групи се подготвуваат за патроли на границата со Полска
Германските безбедносни сили ги предупредија крајнодесничарските групи да не вршат патроли долж границата со Полска.
Во последните неколку недели е зголемен бројот на незаконски обиди за преминување на источниот фронт.
-
Свет 29.10.2021 10:43
Самит на Г20 во Рим
Во Рим самит на дваесетте најмоќни економии во светот. Меѓу главните теми на агендата е и ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
-
Свет 29.10.2021 10:32
ЕУ: Русија го користи природниот гас за да ја уценува Молдавија
ЕУ смета дека Москва го користи природниот гас за да ја уценува Молдавија. Властите на оваа земја изјавија дека е трипати зголемена цената што ја нуди нафтениот гигант „Гаспром“ со кој Молдавија има склучено договор кој истече во септември.
-
Свет 29.10.2021 10:03
Варшава ја отфрла пресудата на Европскиот суд на правда
Полска ја отфрла пресудата на Европскиот суд на правдата со која треба да плаќа милион евра дневно бидејќи не ја суспендирала Дисциплинската комора на Врховниот суд.
Владата во Варшава му порача на Брисел да запре со уцените бидејќи Унијата не можела да решава за полското правосудство.
-
Свет 28.10.2021 12:02
Техеран е подготвен да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма
Иран изрази подготвеност да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма во Виена. По средбата во Брисел со европскиот преговарач Енрике Мора, иранскиот министер за овој предмет Ал Багери изјави дека разговорите би почнале пред крајот на ноември.










