Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се откажа од протерувањето на десет дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка на затворениот филантроп Осман Кавала.
„Нивната нова изјава покажува дека тие се повлекле“, рече Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се откажа од протерувањето на десет дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка на затворениот филантроп Осман Кавала.
„Нивната нова изјава покажува дека тие се повлекле“, рече Ердоган.
Египет ја укинува вонредната состојба воведена пред четири години по напад врз коптската црква. „Благодарение на големите и лојалните луѓе, Египет се претвори во оаза на сигурноста и стабилноста во регионот“, изјави претседателот Абдел Фатах ал – Сиси.
Претседателот на Иран Ебрахим Раиси ги повика земјите на ЕУ да дејствуваат независно и да не подлегнуваат на притисокот од САД.
Две лица загинаа, а четворица други се повредени во пукање во трговски центар Бојзи, Ајдахо. Осомничениот убиец е уапсен.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината „Модерна“ за трета доза за полнолетни лица најмалку шест месеци по примањето на втората доза.
Романската влада повторно воведува полициски час во траење од 30 дена и задолжително носење маски на сите јавни места, поради најлошата здравствена ситуација откако почна пандемијата. Полицискиот час ќе биде од 22 до 5 часот.
Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17-ти до 23-ти октомври, соопшти руското МНР.
Москва и Пекинг одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со западот се влошија.
Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе реши да ѝ стави крај“, бидејќи сега се достапни „сите алатки“ за борба против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Гебрејсус.
Германскиот министер за внатрешни работи Зехофер изјави дека е подготвен да го зголеми бројот на федерални полицајци на границата со Полска за да помогне во борбата против зголемениот број илегални мигранти кои пристигнуваат преку Белорусија.
По повеќенеделни тензии меѓу војската и преодната цивилна влада, вооружени лица уапсиле високи владини претставници во Судан. Апсењата биле извршени во нивните домови.