Европската унија се закани со остар одговор на пресудата на врховниот суд на Полска со која се оспорува приматот на правото на ЕУ.
„Ако сте член на клуб, мора да ги почитувате правилата на клубот“, рече високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел.
Европската унија се закани со остар одговор на пресудата на врховниот суд на Полска со која се оспорува приматот на правото на ЕУ.
„Ако сте член на клуб, мора да ги почитувате правилата на клубот“, рече високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел.
Грција го зголемува обезбедувањето на границата со Турција поради опасност од масовни мигрантски карвани од Авганистан по преземањето на власта од Талибанците. Во последните две години, Атина ја заостри политиката за ова прашање.
Две лица загинаа, а двајца се повредени при пад на мал авион врз куќи во предрадие во јужна Калифорнија.
Засега е непознато дали жртвите биле патници или биле во објектите кои беа опожарени 30 километри североисточно од центарот на Сан Диего.
Косовската претседателка Вјоса Османи со реакција за Самитот на неврзаните во Белград. Нагласи дека Србија го злоупотребува статусот на земја-набљудувач за, како што вели, да ја искриви вистината за Косово.
Владата во провинцијата Шанси, северна Кина потврди 15 загинати и тројца исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови. Над 120 илјади се евакуирани откако се урнаа илјадници домови. Уништени се и над 190 илјади хектари обработливо земјиште.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун вети дека ќе создаде непобедлива војска. Во говорот на изложбата за новото вооружување на земјата, тој ги обвини САД за предизвикување тензии и нестабилност на Корејскиот Полуостров.
Рекорден број мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија. Во саботата биле регистрани 739 луѓе, што се смета за најголем број во едно деноноќие. Повеќето се од Авганистан и Ирак.
Талибанците соопштија дека САД се согласиле да достават хуманитарна помош во Авганистан.
Преговорите во Катар, првите директни по американското повлекување на крајот на август, ги оценија како конструктивни.
Сиднеј повторно отворен по речиси четири месеци. Граѓаните прославија во пабовите и рестораните, а многумина успеаја конечно да ги посетат роднините и најблиските.
Протести во Полска за поддршка на членството во Европската унија откако се зголемија тензиите меѓу Брисел и Варшава по пресудата на полскиот Уставен суд за поништување на првенството на европското право во однос на националното законодавство.