75- годишниот Џон Мекафи, творец на познатата антивирусна софтверска програма е пронајден мртов во затвроска ќелија во Барселона.
Шпанското министерство за правосудство во куса изјава соопшти дека се укажува оти станува збор за самоубиство.
75- годишниот Џон Мекафи, творец на познатата антивирусна софтверска програма е пронајден мртов во затвроска ќелија во Барселона.
Шпанското министерство за правосудство во куса изјава соопшти дека се укажува оти станува збор за самоубиство.
Тензии во Црно Море. Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон разузнувач на Британската кралска морнарица, откако тој навлегол во водите на Црно Море во близина на Крим.
Прва пресуда во случајот со немирите во Капитол хил на 6-ти јануари. Ана Морган Лојд учесник во јануарските немири во Вашингтон доби три години условна казна, парична кзана од 500 долари и 120 часа извршување општокорисна работа.
Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, вчера соопшти дека од денес, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив има турканици.
Американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи тврди дека делта-варијантата на коронавирусот е најголемата закана за борбата против пандемијата. Мутацијата, која беше откриена во Индија, се пренесува брзо и станува доминантна на глобално ниво.
Седум европски држави кои не се во ЕУ ќе забранат летови од Белорусија. Одлуката е донесена поради присилното пренасочување на патничкиот лет од Минск минатиот месец, при што беше уапсен новинар кој е криитчар на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи тврди дека делта варијантата на коронавирусот е најголемата закана за борбата против пандемијата. Мутацијата која беше откриена во Индија се пренесува побрзо и станува доминантна на глобално ниво.
Индискиот сој на Ковид-19 или т.н делта варијанта што за првпат беше откриена во Индија, е регистрирана во 92 држави.
Овој вид на вирусот предизвикува особена загриженост поради затоа што е позаразенен и забразно се шири низ целиот свет и го зголемува ризикот од хоспитализација.
Над 8. 500 деца биле користени како војници во разни конфликти ширум светот во 2020 година, а речиси 2.700 биле убиени.
Според годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Гутереш извршено е насилство врз над 19 илјади деца во 21 вооружен конфликт.
Како прв чекор кон ставање крај на политичкиот конфликт, шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека неговата влада ќе ги помилува деветтемина затворени лидери на неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017 година.