• Свет 02.11.2020 11:44

    Уапсени повеќе од 200 луѓе на протестите во Белорусија

    Повеќе од 200 лица биле уапсени за време на  протестите во Белорусија. Приврзаниците на опозицијата, 12-та недела по ред, повторно организираа демонстрации во Минск, по повод Денот на сеќавање на предците.

  • Свет 02.11.2020 11:02

    Шефот на СЗО во самоизолација

    Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на ковид-19.

    Соопшти дека се чувствува добро и дека нема симптоми, но дека во согласност со протоколите ќе работи од дома.

  • Свет 30.10.2020 16:06

    Разорен земјотрес во Турција

    Силен земјотрес ја погоди западна Турција, во областа Сеферихисар. Потресот бил со јачина од 7 степени по Рихтер. Епицентарот бил на 17 километри западно од провинцијата Измир.

  • Свет 30.10.2020 14:39

    Силен земјотрес од 6,7 степени во Турција, епицентарот во Измир

    Силен земјотрес ја погоди западна турција. Потресот бил со јачина од 6,7 степени по Рихтер, а епицентарот е во градот Измир. Локалните медиуми јавуваат за целосно разурнати или оштетени објекти и станбени згради, прекинати се и телефонските линии.

  • Свет 30.10.2020 13:17

    Ковид-19: Драматично расте бројот на заразени и починати

    Светот под удар на вториот бран од коронавирусот. Драматично расте бројот на новозаболени и на починати. Во Германија забележан највисок дневен рекорд од почетокот на епидемијата. Регистрирани се над 18.600 новозаболени во едноденоноќие.

  • Свет 30.10.2020 10:02

    Последен лет на Туполев Ту-154

    „За жал, објавуваме крај на работата на единствениот Ту-154 што беше дел од руската цивилна авијација“, стои во соопштението на „Алроза“, чија сопственост е истоимената рударска компанија.

  • Свет 30.10.2020 09:23

    Во Индија повеќе од осум милиони заразени со Ковид-19

    Индија, како втора најнаселена земја, сè уште е на второ место во светот по бројот на заразени со оваа инфекција, зад САД, каде се заразени 8,8 милиони, пренесува Ројтерс.

  • Свет 29.10.2020 13:36

    Расте бројот на заразени и починати во Европа, владите воведуваат нови рестрикции

    Расте бројот на заразени и починати во Европа. Владите воведуваат нови рестрикции во обид да го спречат ширењето на Ковид-19. Франција од утре спроведува карантин кој ќе трае најмалку до први декември. Во рамките на новите рестрикции, кафулињата, рестораните и дуќаните ќе бидат затворени.

  • Свет 29.10.2020 10:55

    Над 80.000 луѓе без електрична енергија поради ураганот „Зета“

    Повеќе од 80.000 луѓе останаа без електрична енергија по ударот на ураганот „Зета“.

    Ураганот од втора категорија донесе ветер со брзина од 170 километри на час. Најпогоден беше Њу Ореланс каде најмалку едно лице е повредено.

  • Свет 29.10.2020 10:15

    Франција и Германија во делумен карантин

    Од утре Франција воведува карантин кој ќе трае најмалку до први декември. Претседателот Макрон во телевизиско обраќање истакна дека целта е да се сузбие вториот бран од епидемијата на коронавирусот.

Pages