Почетокот на новата 2017-та година донесе невообичаени временски услови во грчката престолнина. Сликата на Атина под снежна обвивка по целовечерните врнежи од снег не е видена во последната декада.
-
Свет 11.01.2017 11:57
-
Свет 11.01.2017 10:23
Обама: Силата на САД е во обичните луѓе
Америка е подобра и посилна сега отколку пред осум години, изјави американскиот претседател на заминување Барак Обама во своето последно обраќање до нацијата во Чикаго. Според него, направен е напредок во демократијата и економијата, но сѐ уште треба да се подобрува.
-
Свет 11.01.2017 10:17
Србија бара заштита на своите амбасади од албански терористи
Министерството за надворешни работи на Србија побарало од одделни држави да го засилат обезбедуавњето на српските дипломатски претставништва, што според безбедносни информации, се потенцијални цели на албански терористи.
-
Свет 10.01.2017 16:42
Околу 140.000 ирачани го напуштиле Мосул
Од почетокот на воената операција за протерување на милитантите од групата Исламска држава (ИД) од Мосул, речиси 140.000 ирачани ги напуштиле своите домови. Според податоците на Меѓународната организација за миграции, 23.000 семејства биле раселени од стартот на воената операција.
-
Свет 10.01.2017 15:59
Почина поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог
Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина денеска на 82 години. Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави холокаустот.
-
Свет 10.01.2017 14:40
Во Анкара протести поради уставните измени
Турскиот парламент вчера ја почна расправата за уставните промени со кои би се прошириле овластувањата на шефот на државата, Реџеп Тајип Ердоган. Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата би му овозможил на Ердоган да остане на власт до 2029 година.
-
Свет 10.01.2017 13:08
САД: Санкции против уште петмина руски државјани
САД воведоа санкции против уште петмина руски државјани, вклучувајќи и еден висок полициски функционер. Санкциите опфаќаат блокирање на нивниот имот и забрана на државјаните на САД да работат со нив.
-
Свет 10.01.2017 11:12
Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти
Владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти и отстапување од демократските вредности, предупредува американското разузнавање.
-
Свет 10.01.2017 10:32
Руски дипломат во Атина пронајден мртов
Шефот на конзуларното одделение во руската амабсада во Атина е пронајден мртов во својот стан, но засега нема сомневања дека е предизвикана насилна смрт, јавија грчки медиуми.
-
Свет 09.01.2017 15:39
Продолжуваат преговорите за обединување на Кипар
Лидерите на Кипарските Грци и Турци денеска во Женева ги продолжуваат преговорите за повторно обединување на островот, со цел да изнајдат излез од 42 годишниот конфликт. Двете страни преговараат со посредство на Турција, Грција и Велика Британија која во минатото беше колонизатор на островот.










