За сѐ може да се преговара, е ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп за надворешната политика. Трамп сака да ги подобри односите со Русија, но и да го врати имиџот на Соединетите Американски Држави како силна светска супер сила.
-
Свет 16.01.2017 15:54
-
Свет 16.01.2017 14:22
Снежна покривка од над половина метар урна училиште во Орегон
Големото количество снег во Орегон урна покрив од училишна зграда стара околу 70 години. Наставата во регионот беше претходно откажана поради влошените временски услови.
-
Свет 16.01.2017 12:46
Вашингтон: Исклучителни безбедносни мерки на инаугурацијата на трамп
Во пресрет на претседателската инаугурација на Доналд Трамп, в петок во Вашингтон, на која се очекуваат околу милион лица, се преземени исклучителни безбедносни мерки.
-
Свет 16.01.2017 12:41
Утре ќе се гласа за нов претседател на Европарламентот
Европскиот парламент сѐ досега го избираше претседателот, во еден или два круга. Но, со оглед на необичната поделба на политичките сили и во отсуство на коалиции кои традиционално се формираат пред гласањето, Парламентот овој пат ќе треба да смета и на суптилностите на Деловникот.
-
Свет 16.01.2017 12:28
Десетици мртви во авионска несреќа во Киргистан
Најмалку 37 лица, меѓу кои и шест деца, загинаа во Киргистан откако турски товарен авион се урнал врз населено место. Авионот „Боинг 747“ се движел на релација Хонгконг-Истанбул, а се обидел да слета во услови на густа магла на околу 25 км од киргистанската престолнина Бишкек.
-
Свет 16.01.2017 11:30
Парламентот во Турција ги одобри уставните реформи
Турскиот Парламент го одобри пакетот уставни реформи со кои земјата би преминала во претседателски систем на владеење.
Сите 18 измени на Уставот ја добија потребната поддршка од над 330 гласа. За да се потврди првичниот резултат неделава ќе има уште еден круг гласање.
-
Свет 16.01.2017 10:22
Хашим Тачи повика на дијалог и нормализирање на односите со Србија
По изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Косово сака војна и дека не се исклучува можноста од испраќање војска на Косово, косовскиот претседател Хашим Тачи ги поистовети изјавите на официјален Белград со оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години.
-
Свет 13.01.2017 15:10
Ирак: ИД ги урна сите мостови на реката Тигар во Мосул
Терористите од групата Исламска држава ги кренаа во воздух сите мостови на реката Тигар во центарот на ирачкиот град Мосул.
-
Свет 13.01.2017 14:46
Шпанија: Уапсени двајца осомничени приврзаници на ИД
Шпанската полиција соопшти дека во северноафриканската енклава Сеута уапсила две лица осомничени за врски со џихадистичката група Исламска држава.
-
Свет 13.01.2017 12:46
Снег, мраз и поплави во Европа, во Австралија- жешко лето
Обилни снежни врнежни ја погодија централна Германија. Силниот ветар и снегот во текот на ноќта донесоа снежни услови во централиот дел на земјата. Властите затворија неколку патни правци, а екипите за помош на патиштата се на терен.










