Наспроти дипломатските очекувања за реципроцитет- пресврт. Рускиот претседател Владимир Путин го одби предлогот на Министерството за надворешни работи да бидат протерани американски дипломати, откако Вашингтон спроведе таква санкција против официјална Москва.
-
Свет 30.12.2016 14:48
-
Свет 30.12.2016 13:54
Бразилската полиција трага по грчкиот амбасадор
Бразилската полиција трага по амбасадорот на Грција кој бил на одмор со семејството во Рио.
Автомобилот на дипломатот Киријакос Амиридис бил пронајден со остатоци од изгорен човечки труп. Дипломатската кариера на Амиридис почнала во 1985 година, а во Бразил дошол годинава.
-
Свет 30.12.2016 12:55
Реципрочни мерки: Русија протерува 35 американски дипломати
Русија ќе протера 35 дипломати како одговор на вчерашната одлука на американскиот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати од САД. Тоа го нагласи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за медиуми.
-
Свет 30.12.2016 11:55
На полноќ стартуваше примирјето во Сирија
Примирјето ширум Сирија договорено со посредство на Русија и Турција, стапи на сила на полниќ. Договорот не вклучува терористи како што е Исламската држава.
За сириската Влада, примирјето е можност за политичко решение на речиси 6-годишната војна во таа држава.
-
Свет 30.12.2016 10:39
Претпазлив оптимизам кај Американците за 2017-та
Американците очекуваат дека во новата 2017-та година ќе бидат во подобра финансиска ситуација, но сепак повеќе ќе штедат наместо да трошат. Мнозинството сакаат да поминуваат повеќе време со роднините и пријателите и да се чувствуваат побезбедно дома и во светот.
-
Свет 30.12.2016 10:34
Обама протера 35 руски дипломати, Русија најави соодветна реакција
Русија се закани дека ќе одговори соодветно на последниот потег на администрацијата на претседателот Барак Обама која протера 35 дипломати од Вашингтон и затвори два објекта на разузнавачите од Русија.
-
Свет 29.12.2016 15:16
Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија
Владата на Сирија предводена од Башар Ал-Асад и бунтовниците договорија прекин на огнот, а Турција и Русија ќе бидат гаранти за планот. Примирјето стартува на полноќ.
-
Свет 29.12.2016 14:15
Ирак: Втора фаза од битката за ослободување на Мосул
Ирачките сили ја почнаа втората фаза од битката за ослободување на Мосул, контролиран од Исламска држава.
Операцијата за ослободување почна во октомври, но напредокот на ирачките сили беше бавен. Премиерот на Ирак, ал-Абади изјави дека ќе биде ослободен до крајот на годинава.
-
Свет 29.12.2016 10:59
Заврши основната потрага по остатоците од урнатиот руски авион
Основната потрага по остатоците на рускиот воен авион „Ту-154“ што се урна во Црното Море во близина на Сочи е официјално завршена. Во несреќата загинаа сите 92 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите се и членовите на воениот ансамбл „Александров“.
-
Свет 29.12.2016 10:43
Палестина ќе ги обнови преговорите со Израел ако запре изградбата на еврејските населби
Палестинскиот претседател Махмуд Абас е подготвен за обновување на мировните преговори со Израел, ако се стопира изградбата на еврејските населби.










