Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Анастасијадис и Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија доцна синоќа без никаков договор.
Единствено е решено да продолжат на 18 јануари, но на ниво на експерти.
Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Анастасијадис и Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија доцна синоќа без никаков договор.
Единствено е решено да продолжат на 18 јануари, но на ниво на експерти.
Турското големо Народно Собрание ги оодбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декрети и да биде член на политичка партија.
Бизнисменот Рекс Тилерсон не успеа да убеди неколку сенатори Републиканци дека е најдобрата личност за нов државен секретар, така што неговото наименување е неизвесно.
Во турскиот Парламент избила тепачка за време на расправа околу новите уставни овластувања на претседателот.
Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнение дека се поврзани со терористичките напади во Париз во ноември 2015-та година.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави дека неговата држава нема да плаќа за ѕидот што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го гради на границата меѓу двете држави.
Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судир на патнички и товарен воз во близина на Нови Сад. Според директорот на железничкото претпријатие Србијавоз, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.
Поројни дождови и врнежи од снег погодија делови од американските држави Калифорнија, Невада и Орегон поради што се затворени дел од патишта и училиштата.
На италијанскиот премиер Паоло Џентилони кому му се слошило по враќањето од Париз, му била извршена хируршка интервенција на крвните садови. Интервенцијата минала добро и тој добро се чувствува, но ќе остане во болница и наредните денови.
Откако местото прв човек на Европарламентот остана испразнето по оставката на досегашниот претседател, Мартин Шулц, на 24-ти ноември изборот на негов наследник се очекува на 17-ти јануари.