Три лица загинаа, меѓу кои две деца, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нови Сад. Несреќата се случила рано утрината кога неидентификуван пешак излегол на автопатот и застанал во правец од каде што наишол камион со македонски регистарски таблички.
-
Свет 25.11.2016 13:13
-
Свет 25.11.2016 13:06
Немири во бегласки камп во Бугарија
24 полицајци се повредени, а 300 мигранти приведени во нередите во бугарскиот бегалски камп Харманли.
Над 250 полицајци беа мобилизирани во операцијата против револтираната група која е незадоволна од воведениот карантин, поради појава на шуга во кампот.
-
Свет 25.11.2016 12:14
Франција: Финансиска помош за мигрантите кои доброволно ќе се вратат дома
Франција ќе им дава по 2.500 евра на мигрантите кои доброволно ќе се вратат дома. Покрај платен авионски билет, ќе добијат и до 10 илјади евра финансиска помош кога ќе стигнат во татковината.
-
Свет 25.11.2016 11:40
Над 30 цивили убиени во воздушните напади врз Алепо
Над 30 цивили се убиени, вклучувајќи и пет деца, во воздушните напади врз Алепо. Сириските сили веќе два дена го бомбардираат источниот дел на градот контролиран од бунтовниците.
-
Свет 25.11.2016 10:21
Израел: Нема жртви во пожарот во Хаифа
Илјадници граѓани се евакуирани во Хаифа поради пожарите кои, според израелските власти, се подметнати од политички мотивирани пиромани. Противпожарните единици имаат поддршка од резервниот состав и од полицијата на Израел.
-
Свет 24.11.2016 16:17
ЕП усвои резолуција за замрзнување на преговорите со Турција
Европскиот парламент усвои резолуција за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ поради хајката на владата во Анкара по неуспешниот обид за пуч.
-
Свет 24.11.2016 12:29
Турција: Над 10.500 државни службеници добија отказ поради наводна поврзаност со ПКК
Над 10.500 државни службеници во Турција добија отказ поради наводна поврзаност со Курдската работничка партија.
Борбата против ПКК во југоисточна Турција каде што Курдите се мнозинство трае неколку години.
-
Свет 24.11.2016 12:01
Над 60 луѓе загинаа на градилиште во Кина
Над 60 луѓе загинаа на градилиште во Кина откако се урнало скеле. Инцидентот се случил на платформа за систем за разладување на електрична централа.
Во тек е спасувачка операција за извлекување на луѓето од урнатините.
-
Свет 24.11.2016 11:06
Ноемвриски снег во Токио за прв пат по 50 години
За прв пат во последните 5 децении, граѓаните на Токио видоа ноемвриски снег. Заснежените коловози предизвикаа забавување на сообраќајот.
„Денеска излегов порано од дома. Малку ми е тешко да пешачам, а и не гледам баш најјасно.“
-
Свет 24.11.2016 10:54
Нов силен земјотрес во Фукушима, тревога за цунами
Земјотрес од 6,1 рихтери ја погоди јапонската префектура Фукушима. Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.










