Италијанскиот премиер Матео Ренци нјави дека денеска ќе поднесе оставка, по убедливиот пораз на референдумот за спроведување уставни реформи во Италија.
-
Свет 05.12.2016 08:32
-
Свет 02.12.2016 14:51
Европол ја растури најголемата мрежа за хакирање банкарски системи
По четиригодишна истрага, Европол ја растури најголемата хакерска мрежа за напади врз банкарски системи на интернет позната како „Лавина“.
Над милион мејлови со вирус биле праќани неделно кон стотици илјади компјутери во 180 држави. Уапсени се пет лица.
-
Свет 02.12.2016 13:42
Додик: Уставниот суд задава директен удар врз демократијата
За претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поништувањето на резултатите од септемврискиот референдум се директен удар врз демократијата.
-
Свет 02.12.2016 13:01
Над тон кокаин запленет во Франција
Француската полиција заплени над тон кокаин пренесен од Колумбија, во вредност од 100 милиони евра.
Уапсени се десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и Холандија поради сомнение дека се вмешани во транспортот на дрогата.
-
Свет 02.12.2016 11:52
Бан Ки Мун се извини за епидемијата на колера на Хаити
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се извини за улогата на организацијата во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година.
Епидемијата била предизвикана од непалски „сини шлемови“ кои фрлале отпад во река.
-
Свет 02.12.2016 11:36
Одземена лиценцата на авиокомпанијата чијшто авион се урна во Колумбија
Боливиските воздухопловни власти ја укинаа на неодредено време лиценцата на авиокомпанијата „Ламија“, сопственик на авионот што се урна во Колумбија.
-
Свет 02.12.2016 11:06
Силите на Асад напредуваат во Алепо
Според провладините медиуми во Сирија, силите на претседателот Асад напредуваат во источно Алепо. Противниците од групата ал-Ислам демантираат, нагласувајќи дека тие зазеле уште неколку згради во подрачјето.
-
Свет 02.12.2016 10:29
Опасности за САД во 2017-та
Најголемата безбедносна закана по Соединетите Американски Држави во 2017-та година ќе бидат терористичките напади изведени од саморадикализирани поединци инспирирани од Исламската држава.
-
Свет 01.12.2016 16:36
ОН: Алепо ќе стане масовна гробница
Обединетите нации предупредија- Алепо ќе стане масовна гробница доколку не запрат борбите и не се достави помош. Заклучокот од итната седница на иницијатива на Франција е дека одговорноста е кај Русија.
-
Свет 01.12.2016 14:26
Жртви во пожарите во Тенеси
Седум луѓе загинаа, а стотици објекти изгореа во пожарот во Тенеси. Илјадници граѓани се евакуирани од југоистокот на САД каде што се опожарени големи шумски предели во планински туристички регион.










