-
Свет 27.11.2014 10:44
Силна снежна бура ги зафати североисточните делови на САД
Силна снежна бура ги зафати североисточните реони на САД. Гувернерот на државата Њу Џерси, која се граничи со Њујорк, Крис Кристи, објави вонредна состојба. -
Свет 26.11.2014 19:30
Рударска несреќа во Кина - 24-ца загинати и педестина повредени
24-ца загинати и педестина повредени во рударска несреќа на североистокот на Кина. Земјотрес предизвикал пожар, а рударите не можеле да побегнат од пламените јазици.
Рудниците во Кина се меѓу најнебезбедните за работа.
-
Свет 26.11.2014 19:26
Штрајк на медиумските работници во Грција
Штрајк на медиумските работници во Грција, против политиките на владата. Новинарите бараат задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената грчка радио и телевизија.
-
Свет 26.11.2014 19:23
Стотина загинати во нападите на сириското воздухопловство врз цели на ИД
Стотина загинати за време на нападите на сириското воздухолпловство врз цели на Исламската држава.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека половина од загинатите се цивили.
-
Свет 26.11.2014 19:15
Хонг Конг - Уапсени полицајци поради претепување на демонстранти
Уапсени седуммина полицајци кои за време на протестите во Хонг Конг претепале неколкумина демонстранти. Полицијата упаси и двајца лидери на студентите.
Отстранувањето на шаторите на демонстрантите почна мирно, но ескалираше во жестоки судири.
-
Свет 26.11.2014 19:08
Хрватска ја повлече храната за бебиња “Алнатура”
Oд пазарот во Хрватска повлечени производите од “Алнатура” храна за бебиња, кашички и четири видови житарици. Во кашичките се пронајдени траги од тропан алкалоиди.
Македонската агенција храна и ветеринарство објави дека овие производи ги нема на нашиот пазар.
-
Свет 26.11.2014 14:29
Експерти: Јункер останува на чело на ЕК, но не без последици
Јункер ќе остане на челната позиција на Европската Комисија, оценуваат експертите во Брисел, но не без долгорочни последици, кои во иднина ќе имаат индиректно влијание во одлуките на неформалната влада на Европа.
-
Свет 26.11.2014 14:22
Пет деца настрадаа во пожар во Тексас
Пет деца настрадаа во пожар кој избил во куќа во Една, Јужен Тексас. Началникот на градската прпотивпожарна екипа потврди дека децата се на возраст од пет до 15 години.
-
Свет 26.11.2014 14:18
Киев ја обвини Москва дека испраќа воена помош за сепаратистите
Киев ја обвини Москва дека продолжува да испраќа воена помош за проруските сепаратисти на источниот дел на земјата.
Украинското МНР соопшти дека пет колони со тешка опрема биле забележани како влегуваат на украинска територија.
-
Свет 26.11.2014 12:37
Детски кашички со опасни материи повлечени од хрватскиот пазар
Министерството добило известување преку веб страната на Европската комисија за наодите од испитаната бебешка храна на германскиот пазар каде што се пронајдени опасните материи.










