Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција, на разговори со претседателот Ердоган.
Енергетските и економските прашања ќе бидат главна тема на разговорите.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција, на разговори со претседателот Ердоган.
Енергетските и економските прашања ќе бидат главна тема на разговорите.
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, откако преговорите меѓу нив и раководството на компанијата околу условите за пензионирање не вродија со плод.
Египетскиот суд ги отфрли сите обвиненијата против поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговите најблиски соработници.
Шефот на државата кој беше насилно соборен од власт во 2011- тата, беше обвинет за злоупотреба на службената положба и масовни убиства за време на демонстрациите.
5,6 метри високата елка од фарма од Пенсилванија со запрежна кола влечена од два коњи пристигна во Белата куќа. Првата дама Мишел Обама со ќерките Малиа и Саша ја пречекаа елката пред северната порта на претседателската резиденција.
Строгиот Аргентинец, папата Франциско, е првиот почесен гостин во контроверзниот сарај од 1000 соби на турскиот претседател Ердоган.
Европската унија го усвои механизмот за мерење и контрола на штетните емисии од бродовите од 1 јануари 2018 година со намера да се намали загадувањето на воздухот.
Советот на Европа објави дека договорот е направен меѓу земјите членки на ЕУ и останува уште да биде официјализиран.