Силно невреме со поплави на југот на Мароко. Седумнаесетмина го загубија животот спасувачите трагаат по повеќе од 18 исчезнати. Меѓу нив е и 9-годишно девојче, кое со уште шестмина се удавило во надојдената река Тамсурт.
-
Свет 24.11.2014 19:20
-
Свет 24.11.2014 17:15
Нови судири во Израел
Нови судири во Израел - тројца млади Израелци нападнале палестинско момче. Полицијата отворила истрага, но не се наведени околностите за нападот.
Тензиите во земјата ескалираат. Вчера еврејски напаѓачи запалија куќа на Палестинец за Западниот Брег.
-
Свет 24.11.2014 17:12
Порошенко: На референдум ќе се одлучува за членство во НАТО
Народот на референдум ќе се изјасни дали сака да биде дел од НАТО, изјави украинскиот претседател Порошенко, по најавата на Столтенберг дека секоја земја која ќе ги исполни критериумите може да биде дел од НАТО.
-
Свет 24.11.2014 16:46
Секретарот за одбрана на САД си поднесе оставка
Од кабинетот на американскиот претсдетател Обама пристигна информацијата за оставката на актуелниот секретар за одбрана Чак Хејгел. Причините за смената на Хејгел лежат во поразот на Обама на последните избори за Конгресот, како и растот на припадниците на исламската држава во Ирак и Сирија.
-
Свет 24.11.2014 16:43
Двајца американски војници загинаа во Авганистан
Нов инцидент во Авганистан. Двајца американски војници загинаа, откако возилото во кое се превезувале наишло на експлозивна напарава во близина на Кабул. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот биле повредени и тројца цивили.
-
Свет 24.11.2014 16:27
Норвешка стравува - Се враќаат првите џихадисти од фронтовите во Ирак и во Сирија
Фредрикстад е живописно норвешко гратче. Но под идиличната површина нешто се менува. Почнаа да се враќаат првите џихадисти од фронтовите во Ирак и во Сирија.
-
Свет 24.11.2014 16:06
Папата Франциско утре во Стразбур
Во Стразбур се на сила драстични безбедносни мерки поради посетата на папата, кои можат да се споредат со тие за време на самитот на НАТО од пред неколку години. До европските институции утре ќе може да се дојде само со специјални акредитации.
-
Свет 24.11.2014 16:03
Ердоган: Еднаквоста е неприродна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека еднаквоста меѓу жените и мажите е неприродна и понудил свое видување за рамноправноста. Поимот рамноправност воопшто не е можен, порачува Ердоган-пишува Хуријет.
-
Свет 24.11.2014 15:26
Прв случај со ебола меѓу Италјаните
Италијански лекар кој доброволно работел во Африка е заразен со ебола и се враќа во Рим. Министерката за здравје Беатриче Лоренцин тврди дека тој се чувствува добро.
-
Свет 24.11.2014 14:35
Откриени над 35 милиони евра сомнителни трансакции на Косово
Финансиската разузнавачка единица на Kосово, открила повеќе од 35 милиони евра сомнителни трансакции, за кои имало обид да бидат прикриени преку косовскиот банкарски систем во текот на минатата година, пишува весникот „Зери“.










