Грчката крајбрежна стража известува дека во тек е акција за спасување на најмалку 500 имигранти од товарен брод во близина Крит.
-
Свет 25.11.2014 15:25
-
Свет 25.11.2014 15:19
Папата Франциско сака силна Европа и се залага за земјите од Балканот да станат дел од ЕУ
Во говорот пред европратениците кои го поздравија со долг аплауз, папата Франциско поздравен претходно од претседателот на ЕП, Мартин Шулц уште на почетокот потсети дека неговата посета доаѓа скоро четврт век по таа на папата Јован Павле Втори.
-
Свет 25.11.2014 14:14
За дополнителната работа во Словенија граѓаните задолжително ќе си плаќаат пензиско и здравствено осигурување
За дополнителната работа како чување деца, домашни мајстории, изработка на сувенири, берење и продажба на шумски плодови и лековити билки, словенците од 1 јануари следната година ќе плаќаат и придонеси, за коишто досега не биле обврзани.
-
Свет 25.11.2014 14:05
Стразбур: Папата Франциско сака да го „разбуди“ стариот континент
Оваа посета на папата Франциско на Стразбур не е државничка, според портпаролот на Ватикан, станува збор за посета на религиозна и морална власт, светски призната на меѓународна институција.
-
Свет 25.11.2014 12:26
Се сруши осумкатница во Каиро
Се сруши осумкатница во западно предградие на Каиро. Најмалку десет лица загинаа, а седумина се повредени. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините, а властите евакуираа неколку околни згради. -
Свет 25.11.2014 11:44
Нема договор за нуклеарната програма на Техеран
Иран и светските сили не постигнаа договор за нуклеарната програма на Техеран. Разликите во позициите го продолжија рокот за уште седум месеци.
-
Свет 25.11.2014 11:41
Опасност од поплави по историските снижни врнежи во Бафало
По историските снежни врнежи во Бафало минатата недела, температурите полека растат. Снегот почна да се топи, што ја зголемува опасноста од поплави. Дел од населението започна со евакуација.
-
Свет 25.11.2014 11:38
Папта Франциско во Стразбур ќе зборува за невработеноста и имиграцијата
Папата Франциско во четиричасовна посета на Стразбур. Предвидено е да одржи говор во Советот на Европа и во Европскиот Парламент.
Според информациите, невработеноста и имиграцијата ќе бидат главни теми за кои ќе зборува папата.
-
Свет 25.11.2014 10:27
Ескалира состојбата во Фергусон по ослободителната пресуда за Вилсон
Ескалираше состојбата во американскиот град Фергусон по ослободителната одлука на поротата за полицаецот Дарен Вилсон, кој на 9-ти август го застрела момчето од афроамериканско потекло, Мајкл Браун.
-
Свет 25.11.2014 08:52
Насилни немири во Фергусон
Насилни немири во американскиот град Фергусон избувнаа доцна синоќа откако поротата во американскиот град Фергусон донесе ослободителна пресуда за полицаецот Дарен Вилсон којшто на 9-ти август го застрела тинејџерот Афроамериканец Мајкл Браун.










