• Свет 22.04.2014 09:59

    Папите Јован 23-ти и Јован Павле Втори, ќе бидат прогласени за светци

    Двајца од омилените католички папи, Јован 23-ти и Јован Павле Втори, ќе бидат прогласени за светци на заедничка церемонија, прва во историјата. Јован Павле беше првиот неиталијански Папа во изминатите 455 години и прв од словенска земја.

  • Свет 22.04.2014 09:53

    Бунтовниците од племето Нуер во Јужен Судан масакрираа над 200 цивили

    Бунтовниците од племето Нуер во Јужен Судан масакрираа над 200 цивили бидејќи биле христијани. Крвопролевањето се случило во католичка црква во заземениот град Бентиу каде што биле засолнати и деца и жени.

  • Свет 21.04.2014 23:18

    Велигденско тркалање на јајца во Белата куќа

    Велигденското тркаљање на јајца е најмасовниот настан во Белата куќа. Вториот ден од Велигден традиционално по 136-ти пат се обележа со музика, готватски специјалитети, спортски напревари меѓу НБА и рагби звезди, јога градина и деца коишто се напреваруваат во тркаљање на јајца.  
  • Свет 21.04.2014 16:28

    Критична состојбата меѓу Киев и Москва

    Војниците раниле еден и заробиле двајца од напаѓачите. Во Славјанск е тензично, но мирно и празно поради полицискиот час по велигденското убиство на тројца проруски активисти кое предизвика судир со зборови меѓу Киев и Москва.

  • Свет 20.04.2014 14:49

    Вонредна состојба во Србија

    Бранот поплави на подрачјето на Прокупље полека почнува да стагнира и  се упатува кон Житораѓа, каде е префрлен дел од силите на Секторот за вонредни состојби.Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во Куршумлија, Лучани и Пожега.

  • Свет 19.04.2014 14:30

    Жртви во експлозија на бомба во Сирија

    Најмалку 14 лица загинаа, повеќе од 50 се повредени во силна експлозија на автомобил бомба во близина на џамија во централниот дел на Сирија,  дел под контрола на силите на режимот на Башар Ал Асад. Експлозијата се случила во момент кога верниците излегувале од џамијата по молитвата.

  • Свет 19.04.2014 14:27

    „Специјален статус“ на рускиот јазик во Украина

    Вршителот на должност претседател на Украина Турчинов и премиерот Јацењук ветија „специјален статус“ на рускиот јазик во Украина и широка децентрализација на властите, како обид да се завршат руските протести на истокот на земјата. Апелираа и до народот да се водржи од насилство.

  • Свет 19.04.2014 14:05

    Поплави во Србија

    Поради поплави е прогласена вонредна состојба во делови од западна Србија. Најзагрозена е областа околу Краљево. Иако во текот на ноќта врнежите од дожд престанале, ситуацијата сеуште е критична  бидејќи дел од водата во реките  не се повлекла.

  • Свет 18.04.2014 13:03

    Шкотска ќе гласа за независност

    По триста години, Шкотска можеби повторно ќе стане независна држава со сопствена управа и надвор од Велика Британија. Референдумот за независност е закажан за 18 септември. Исходот од овој референдумот може да отвори и многу други нерешени прашања во Европа.

  • Свет 18.04.2014 12:50

    Ситуацијата во регионот на Доњецк крајно напната

    Ситуацијата во регионот на Доњецк е крајно напната, а на украинско-руската граница мирна и спокојна, оценуваат набљудувачите на ОБСЕ по постигнатиот договор на четиристраната средба за Украина во Женева.

Pages