Украинските власти и проруските сепаратисти во Минск потпишаа договор за прекин на огнот во источна Украина, јавува Интерфакс. Пекинот на огнот влегува во сила попладнево.
-
Свет 05.09.2014 17:30
-
Свет 05.09.2014 16:35
„КУТРИОТ ОЛАНД“: Удар за францускиот претседател во најлош момент
320 страници напишани во прво лице од поранешната прва дама на Франција, Валери Триервилер. Од нивната прва средба до нивната разделба. Нејзината книга наликува на одмазда.
-
Свет 05.09.2014 15:39
Земјотрес во Анталија, нема пријави од наши туристи
Турскиот туристички центар Анталија ноќеска погоден со силен земјотрес. Од македонската амбасада во Анкара известуваат дека нема пријави од наши туристи, кои летуваат таму. Туристичките агенции во земјава, ги потврдуваат овие информации.
-
Свет 05.09.2014 15:34
Загинаа петмина рудари во БиХ
Рударска трагедија во Босна и Херцеговина. Загинаа петмина во рудникот во Зеница, по вчерашниот земјотрес. Евакуирани се преостанатите 29 во акцијата што вчера ја почнаа спасувачките екипи.
-
Свет 05.09.2014 11:20
Полицијата во Фергусон под истрага
Министерството за правда на САД отвори постапка за работењето на полицијата во Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, каде убиство на црн тинејџер минатиот месец предизвика серија протести.
-
Свет 05.09.2014 11:17
За обнова на Газа ќе бидат потребни околу 7,8 милиони долари
Околу 7,8 милиони долари ќе бидат потребни за обнова на појасот Газа по седумнеделните крвави борби, соопшти Палестинската управа.
-
Свет 05.09.2014 11:07
Неизвесна судбината на затрупаните рудари во БиХ, спасувачката акција сеуште трае
Неизвесна е судбината на 34-ца рудари кои останаа затрупани во рудникот за јаглен Распоточје во бизина на Зеница. Спасувачката акција се уште трае.
-
Свет 04.09.2014 17:01
Еболата ја мобилизира СЗО
Состанок на експерти и лекари од Светската здравствена организација во Женева разговораат за борбата против епидемијата со ебола. Според последните податоци на СЗО, во Африка има откриено над 3.000 заболени од ебола, а од вирусот починале вкупно 1.552 жртви.
-
Свет 04.09.2014 14:17
„Исламската држава“ почнува војна во Чеченија!?
Борците на терористичката организација „Исламска држава“ објавија видео запис на Интернет на кој се закануваат дека ќе започнат војна во Чеченија и на целиот Кавказ, пренесува арапскиот телевизиски канал Ал Арабија.
-
Свет 04.09.2014 12:17
Уапсен имамот на Големата џамија во Приштина, го поддржувал радикалниот ислам
Косовската полиција во утринските часови го упсила Шефќет Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина.










