• Свет 17.04.2014 10:10

    Студент закла петмина колеги

    Во канадскиот град Калгари, студент со кујнски нож уби петтмина свои колеги за време на куќна забава по повод крајот на последниот семестар.
  • Свет 17.04.2014 10:02

    Сеуште трае потрагата по исчезнатите од потонатиот траект во Јужна Кореја

    Родителите на исчезнатите ученици за кои се претпоставува дека се заробени во потонатиот траект во близина на брегот на Јужна Кореја, не губат надеж. Официјално до сега има 9 жртви, 174 се спасени, а 280 се водат како исчезнати, по коишто продолжува потрагата.

  • Свет 17.04.2014 10:01

    Претседателски избори во Алжир

    Во Алжир денеска се одржуваат претседателски избори на коишто фаворит е досегашниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика. Повеќе од 260 000 полицајци денеска се распоредени низ целата земја за да обезбедат безбедно гласање за 23 милиони гласачи на 50 000 избирачки места.

  • Свет 17.04.2014 09:58

    Денеска во Женева ќе се разговара за смирување на кризата во Украина

    Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков соопшти дека украинските сили убиле тројца, а раниле 13 напаѓачи на истокот на земјата. Според првите податоци, приведени биле 63 лица.

  • Свет 16.04.2014 17:04

    Руски медиуми: Неуспех на воената операција на истокот на Украина

    Руските медиуми соопштуваат за неуспех на воената операција на истокот на Украина. Во Краматорск војниците од воените транспортери преминале на страната на проруските демонстранти. Заземени се и тенковите во Славјанск и Донецк.

  • Свет 16.04.2014 13:50

    Европа ја забрани неавтохтоната флора и фауна

    Европарламентот изгласа црна листа со кои се забрануваат неавтохтоните и агресивни сорти флора и фауна на нејзина територија, како што е ракчето убиец или некои јапонски растенија.
  • Свет 16.04.2014 13:33

    Се намалува економскиот раст на Кина

    Економскиот раст на Кина во првото тромесечие од оваа година се намалил на 7,4 % , односно за 0,3% во однос на истиот период лани кога изнесувал 7,7%. Ова ниво на раст е најниско последниве неколку години. Кина континуирано бележи благо забавување на економскиот раст.

  • Свет 16.04.2014 13:29

    Врие во Украина

    Во Украина врие во пресрет на мировните преговори во Женева. Проруски сепаратисти присвоиле шест украински оклопни возила и ги возеле низ улиците на градот кадешто вчера украинските сили го зазедоа аеродромот.

  • Свет 16.04.2014 13:26

    300 лица исчезнати во траектот што потона на брегот на Јужна Кореја

    Најмалку две лица загинаа, а 13-мина се повредени кога траект којшто превезувал 459 лица се превртел кај брегот на Јужна Кореја.

  • Свет 16.04.2014 13:12

    ,,Во виното е оставката“!

    Поради непријавен подарок-шише вино од 1959 година вредно 2800 долари, премиерот на Нов Јужен Велс Бери О’Фарел поднесе оставка.

Pages