Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија, откако Русија го зголеми транспортот на жито преку латвиските пристаништа поради нарушените извозни рути преку Црното и Азовското Море.
-
Свет 08.09.2026 08:25
-
Свет 08.09.2026 08:20
Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив, Вашингтон најавува одговор
Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив и најавува нови навигациски рути низ Ормускиот теснец.
Техеран предупредува дека бродовите што ќе влезат во зоната ќе бидат санкционирани, а теснецот ќе биде отворен само доколку САД ги прекинат нападите и заканите кон Иран.
-
Свет 08.09.2026 08:16
Финска ја заврши оградата на границата со Русија долга 200 километри
Финска ја заврши изградбата на 200-километарската ограда на источната граница со Русија, чија цел е спречување неовластени преминувања. Проектот чинеше 356 милиони евра, а финските власти велат дека оградата е важен дел од националната и европската безбедност.
-
Свет 08.09.2026 08:11
Нова ескалација меѓу Москва и Берлин, Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
Нова ескалација меѓу Русија и Германија. Москва го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург, како одговор на потегот на Берлин против руските дипломатски и културни објекти. Мерките следуваат по меѓусебните обвинувања за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале.
-
Свет 08.09.2026 08:07
Русија повторно го нападна Киев, Кремљ не исклучува продолжување на преговорите
Русија го нападна Киев по краткото примирје, со балистички ракети и дронови. Има повредени, а оштетени се станбени згради и училишта. Нападот уследи по тридневната пауза во воздушните напади, додека американски претставници ги посетија Москва и Киев во обид да го продолжат дипломатскиот процес.
-
Свет 07.09.2026 12:45
Петмина загинаа во авионска несреќа во Мајами
Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени откако товарен авион „Боинг 767“ на „Амазон“ кој пристигнувал од Порторико, излетал од пистата при слетување на аеродромот во Мајами, удрил во неколку возила и се запалил на поле веднаш до аеродромот.
-
Свет 07.09.2026 11:58
САД: Без компромис од двете страни, нема договор
Војната во ек, дипломатијата на маса. Вашингтон повторно се обидува да ги доближи Русија и Украина – со нов „поширок мировен пакет“ и идеи пренесени од Москва во Киев, но и со старите, тешки прашања.
-
Свет 07.09.2026 11:32
Куманово доби пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена
Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината.
-
Свет 07.09.2026 11:04
Германија: АФД со убедливо водство
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија освои околу 44 насто од гласовите на регионалните избори во Саксонија-Анхалт, покажуваат излезните анкети. Сè уште не е јасно дали АфД има доволно мандати за самостојно формирање влада.
-
Свет 07.09.2026 09:42
Ново засилување на тензиите меѓу САД и Иран
Ново засилување на тензиите на Блискиот Исток. Иранската Револуционерна гарда тврди дека со балистички ракети нападнала американски воен брод и разорувач, додека Техеран предупредува на силен одговор на секој нов напад.










