Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток. Во Оман в понеделник ќе се разговара за комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец, Израел соопшти дека уништил тунелска инфраструктура на Хезболах во јужен Либан, додека по ескалацијата на борбите во Јемен се раселени повеќе од 46 илјади луѓе.
-
Свет 12.09.2026 10:31
-
Свет 12.09.2026 10:26
Путин ја предупреди Европа: Испраќањето војници во Украина би значело војна со Русија
Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа да не ги „турка народите на сопствените земји кон војна со Русија“, оценувајќи дека евентуалното испраќање европски војници во Украина би значело директен конфликт со Москва.
-
Свет 11.09.2026 16:10
Расте бројот на заразени со западнонилска треска во Европа
Над 1.000 случаи на западнонилска треска се регистрирани во 15 европски земји, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Најмногу заболени има во Италија, Грција и Шпанија. Во Грција бројот на смртни случаи се искачи на 30, а регистрирани се вкупно 324 заболени.
-
Свет 11.09.2026 14:44
Ученик избоде соученик и хигиеничарка во училиште во Загреб
Ученик и хигиеничарка во средно училиште во загрепската населба Волтино утрово се ранети со нож, соопшти хрватската полиција. Нападот го извршил друг ученик, кој според хрватските медиуми за време на инцидентот носел фантомка.
-
Свет 11.09.2026 12:37
25 години од најголемиот терористички напад во САД
Америка обележува 25 години од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва. Дента кога 19 милитанти на Ал Каеда урнаа четири авиони во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и Пенсилванија при што загинаа речиси 3.000 луѓе.
-
Свет 11.09.2026 12:16
Зеленски: Нема да има мировни преговори пред изборите во Русија
Русија продолжува жестоко да удира низ Украина, додека шефот на украинската дипломатија Сибиха обвини дека Москва намерно ја таргетира цивилната инфраструктура. Зеленски, пак, изјави дека сериозни трилатерални разговори за завршување на војната не очекува пред руските избори на 20 септември.
-
Свет 11.09.2026 11:32
Нова ескалација во Јемен, Хутите презедоа стратешки пристаништен град и остров
Нова ескалација во Јемен. Проиранските Хути, по жестоки борби со владините сили поддржани од Саудиска Арабија, ја презедоа контролата врз пристанишниот град Мока и островот Зукар, во близина на теснецот Баб ел-Мандаб – клучен поморски премин за светската трговија.
-
Свет 11.09.2026 10:54
Најмалку 24 ученици загинаа во пожар во две училишта во Конго
Најмалку 24 ученици загинаа во пожар што зафати две училишта во Букаву, во источниот дел на Демократска Република Конго.
-
Свет 11.09.2026 09:54
САД одбележуваат 25 години од терористичките напади на кулите на Светскиот трговски центар
25 години од терористичките напади во САД во кои загинаа речиси 3.000 луѓе, откако 19 припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, при што два удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.
-
Свет 11.09.2026 09:52
Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка автобуска несреќа во источна Швајцарија откако автобус со 49 холандски државјани удрил во заштитната ограда и излетал од патот во провалија во кантонот Граубинден.










