Катастрофалната огнена стихија во Чиле не стивнува. Деноноќната борба на чилеанските пожарникари станува алармантна. Над 160 шумски пожари беснеат во земјата. Проголтаа десетици илјади хектари, расте бројот и на загинати. Во црниот биланс се впишаа стотици жртви, многумина се водат за исчезнати.
-
Свет 05.02.2024 12:05
-
Свет 05.02.2024 11:48
Нови напади на САД врз цели на Хутите во Јемен
САД извршија нови напади врз Хутите во Јемен, објави американската Централна команда. Погодени се крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвено Море.
-
Свет 05.02.2024 11:47
Демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас
Десетици демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас, Тексас против имиграциската политика на американскиот претседател Џо Бајден.
-
Свет 05.02.2024 11:40
Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство
Американскиот Сенат објави предлог-договор вреден 118 милијарди долари со кој ќе се зголеми безбедноста на границите и ќе се обезбеди помош за Израел и Украина. Украинскиот претседател најави ресетирање и смена на неколкумина високи функционери, не само во армијата.
-
Свет 05.02.2024 09:44
Една година по земјотресот во Турција
Турција ја одбележува првата годишнина од разорниот земјотрес што ја погоди земјата минатиот 6-ти февруари, предизвикувајќи голема штета и уништување на 11 нејзини јужни провинции.
-
Свет 05.02.2024 09:43
Најмалку 100 лица загинаа во големите шумски пожари во Чиле
Во големите шумски пожари што од пред неколку дена беснеат во централниот дел на Чиле загинаа најмалку 100 лица. Стотици други, пак, според чилеанските власти, се водат за исчезнати.
Воведен е полициски час со почеток во 21 часот во најтешко погодените области.
-
Свет 05.02.2024 09:42
Обид за смирување на тензиите на Блискиот Исток
Израелските вооружени сили објавија дека напредуваат во населба во Кан Јунис, за која се тврди дека е главното упориште на Хамас и дека се убиени бројни оперативци на палестинската организација. Палестинските медиуми, јавија за израелски воздушни и артилериски напади низ Појасот Газа.
-
Свет 05.02.2024 09:40
САД извршија неколку напади врз Хутите во Јемен
САД извршија неколку напади врз Хутите во Јемен, објави американската Централна команда. Американските сили погодиле крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвеното Море.
-
Свет 04.02.2024 20:37
САД бараат од владата на Курти да престане да поттикнува меѓуетнички тензии во Косово
Американскиот амбасадор на Косово, Џефри Ховениер ги обвини властите во Приштина за поттикнување меѓуетнички тензии. Ова следува по неодамнешните одлуки за забрана за употребата на српскиот динар и со запленувањето возило кое превезувало пари за Србите, корисници на социјална помош.
-
Свет 04.02.2024 19:18
Почина претседателот на Намибија, Хејџ Геингоб
По кратко боледување, на 82 години почина претседателот на Намибија, Хејџ Геингоб. Тој беше претседател на јужноафриканската нација од 2015 година, а требаше да го заврши својот втор и последен мандат оваа година.










