Бугарија заплени 402 килограми хероин во вредност од над осум милиони евра на границата со Турција.
Дрогата била скриена во душеци, во камион со турски регистарски таблички.
Бугарија заплени 402 килограми хероин во вредност од над осум милиони евра на границата со Турција.
Дрогата била скриена во душеци, во камион со турски регистарски таблички.
Нов обид на американскиот Претставнички дом за гласање пакет помош за Украина, Израел и за другите сојузници на САД во вредност од над 96 милијарди долари.
Индија ја заврши првата од седумте фази од гласањето за општите избори. Беа опфатени 166 милиони гласачи – при што излезноста била 60 насто, објави Изборната комисија.
Почина 30 годишниот маж од Флорида кој се самозапали пред зградата на судот во Њујорк каде што му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Северна Кореја соопшти дека тестирала боева глава со крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Според Пјонгјанг пробното лансирање постигнало одредена цел.
Експлозии во база на проиранските милиции во Ирак, на 50 километри јужно од Багдад, неколку часа откако биле лансирани беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат. САД и Израел негираат вмешаност.
Техеран нема итни планови за одмазда на израелскиот напад во Исфахан. Според властите, воздушната одбрана соборила три дрона. Потврдија дека нуклеарните постројки се безбедни, а цел била иранската воздухопловна база.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Самос во Егејското Море, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12,5 километри.
Техеран нема итни планови за одмазда на израелскиот напад во Исфахан. Според властите, воздушната одбрана соборила три дрона. Потврдија дека нуклеарните постројки се безбедни, а цел била иранската воздухопловна база.
Иранската воздушна одбрана собори три, наводно израелски дрона во Исфахан, соопштија властите на Техеран. Нуклеарните постројки се безбедни, нападот бил насочен кон воздухопловната база.