Москва спроведува операции по должина на поголемиот дел на линијата на фронтот обидувајќи се да ги поврати изгубените позиции од пролетта.
Војната со дронови продолжува. Киев се соочува со критичен недостиг на муниција.
Москва спроведува операции по должина на поголемиот дел на линијата на фронтот обидувајќи се да ги поврати изгубените позиции од пролетта.
Војната со дронови продолжува. Киев се соочува со критичен недостиг на муниција.
Израелската армија објави дека ликвидирала тројца членови на Хамас во болница на Западниот Брег. Се сомничат дека планирале големи терористички напади. Хамас се закани со одговор. Тел Авив издаде нова наредба за евакуација на западниот дел на градот Газа.
Пакистанскиот суд го осуди поранешниот премиер Имран Кан и еден од неговите партиски заменици на по 10 години затвор, откако ги прогласи за виновни за оддавање државни тајни.
Контрадикторни информации, дали Валериј Залужни е разрешен од функцијата врховен командант на украинските вооружените сили или пак сам си поднесол оставка.
Француските фармери продолжуваат со протестите и покрај мерките за помош што ги најави француската влада. Земјоделците не се задоволни со ниските приходи и тврдат дека се задушени од прекумерните еколошки регулативи.
Растат тензиите во Тексас. Планирани се протести низ државата, во организација на група чии членови се опишаа себеси како „божја војска“, во знак на протест поради рекордниот број мигранти кои илегално преминале од Мексико.
Тел Авив издаде нова наредба за евакуација на западниот дел на градот Газа. Израелската армија објави дека убила тројца вооружени членови на Хамас во болница на Западниот Брег.
Тексас не се откажува. Властите ќе постават бодликава ограда на целата граница со Мексико, вели заменик-гувернерот, Ден Патрик. Крајниот рок на тексашките власти да им дозволат на федералните работници да влезат во дел од границата за да ги отстранат бариерите, истече во петокот.
Двајца членови на Исламска држава се приведени по престрелката во католичка црква во Истанбул, кога загина едно лице.
„Опсадата“ на Париз започна. Околу 800 трактори попладнево се наоѓаат во парискиот регион според полициски извори. Автопатот А10 околу Логвилие е блокиран во двата правци, на автопатот А1 кој го поврзува Париз со Лил и Брисел, започнаа да се поставуваат бали со сено за негово блокирање.