• Свет 24.06.2026 11:46

    Проблеми во железничкиот сообраќај ги запре возовите во Германија

    Дефект во дигиталниот комуникациски систем за железнички сообраќај во Германија привремено ги запре сите возови низ земјата оставајќи илјадници патници заглавени на постројките.

  • Свет 24.06.2026 11:05

    Москва и Киев сакаат преговори под свои услови

    Путин изјави дека Русија е подготвена за мировни преговори, но дека ситуацијата на фронтот се развива во корист на Москва. Зеленски, пак, тврди дека незадоволството во Русија расте и дека се потребни вистински преговори, додека воените операции продолжуваат на терен.

  • Свет 24.06.2026 09:22

    САД и Иран во спор околу инспекциите на МААЕ

    Блискиот Исток останува во фокусот на дипломатските напори, додека во Вашингтон се одржуваат разговори меѓу израелската и либанската делегација. САД инсистираат дека процесот за Либан и преговорите околу Иран се целосно одвоени, и покрај обидите на Техеран да ги поврзе прашањата.

  • Свет 24.06.2026 09:11

    Недостиг на струја поради жештините во Милано

    Делови од Милано останаа без струја поради преоптоварување од климатизери за време на екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа.

    Прекинот почнал во ноќта и продолжил да се повторува повремено и изутрината, предизвикувајќи проблеми со јавните служби и итните интервенции.

  • Свет 23.06.2026 20:54

    Вашингтон со нови критики кон НАТО

    Вашингтон повторно упати критики кон НАТО пред средбата со генералниот секретар Руте. Трамп оцени дека САД со години ја носат главната финансиска тежина за европската безбедност, додека дел од сојузниците не покажале доволна поддршка за САД во конфликтот со Иран.

  • Свет 23.06.2026 19:43

    Топлотен бран ја погоди Западна Европа

    Западна Европа е погодена од екстремен топлотен бран со рекордни температури и сериозни нарушувања. Во Франција има најмалку 40 жртви кои спасот од жештините го барале во капење, но се удавиле. Половина од земјата е под црвена тревога, додека во Париз се измерени 44 степени целзиусови.

  • Свет 23.06.2026 16:36

    Вашингтон и Техеран со различни пораки за постигнатиот напредок

    Во ек на мировните преговори меѓу САД и Иран и договорот за нова фаза од разговорите, Вашингтон и Техеран со различни пораки за постигнатиот напредок.

  • Свет 23.06.2026 15:14

    Пожар во Индија усмрти 15 студенти

    Најмалку 15 лица загинаа, претежно студенти, во пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау, во индиската сојузна држава Утар Прадеш. Според првичните информации, огнот брзо се проширил низ објектот при што се урнал дел од зградата заробувајќи ги луѓето внатре.

  • Свет 23.06.2026 12:36

    САД и Иран отвораат нова фаза од преговорите, формирани работни групи за клучните прашања

    По напредокот на техничките разговори меѓу САД и Иран во Швајцарија, двете страни се договорија за продолжување на преговорите преку формирање работни групи за санкциите, нуклеарното прашање и економската соработка.

  • Свет 23.06.2026 11:52

    44 степени во Париз, жртви и тревога во Франција

    Западна Европа е погодена од екстремен топлотен бран со рекордни температури и сериозни нарушувања. Во Франција има најмалку 18 жртви, а половина од земјата е под црвена тревога, додека во Париз се измерени 44 степени Целзиусови.

Pages