Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека никогаш не побарал дозвола од американскиот претседател Трамп да го нападне Иран.
-
Свет 25.06.2026 10:46
-
Свет 25.06.2026 09:41
Голем земјотрес регистриран и во Јапонија
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала регистриран во Северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри.
-
Свет 25.06.2026 09:12
Топлотен бран ја зафати Западна Европа
Западна Европа е зафатена од топлотен бран кој одзеде десетици животи, го прекина снабдувањето со електрична енергија, затвори училишта и културни знаменитости, бидејќи метеоролозите предупредија дека екстремните температури би можеле да продолжат до крајот на неделата.
-
Свет 25.06.2026 08:40
Вонредна состојба по двата силни земјотреса во Венецуела
Прогласена вонредна состојба во Венецуела откако два силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас, со разлика од само неколку секунди-првиот со магнитуда од 7,2, а вториот од 7,5 степени. Регистрирани се и 20 последователни потреси.
-
Свет 24.06.2026 20:48
Северна Кореја пушти во употреба нов воен разорувач
Северна Кореја пушти во употреба нов разорувач од 5.000 тони, кој лидерот Ким Јонг Ун го претстави како симбол на растечката воена моќ на земјата.
Бродот е опремен со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави и ќе биде распореден за одбрана на западниот брег.
-
Свет 24.06.2026 17:51
Топлотниот бран се засилува, вклучен црвен аларм
Високи температури жежат низ Европа. Стотици рекорди се урнати, а уште многу ќе се соборат со засилувањето на топлината до крајот на неделава. Се очекуваат температури над 40 степени во многу градови. Франција, во епицентарот на екстремните услови.
-
Свет 24.06.2026 14:12
Дипломатски напори и тензии на Блискиот Исток
Блискиот Исток останува во фокусот на дипломатските напори и безбедносните тензии, додека петтата рунда разговори меѓу израелската и либанската делегација се одржува во Вашингтон.
-
Свет 24.06.2026 11:46
Проблеми во железничкиот сообраќај ги запре возовите во Германија
Дефект во дигиталниот комуникациски систем за железнички сообраќај во Германија привремено ги запре сите возови низ земјата оставајќи илјадници патници заглавени на постројките.
-
Свет 24.06.2026 11:05
Москва и Киев сакаат преговори под свои услови
Путин изјави дека Русија е подготвена за мировни преговори, но дека ситуацијата на фронтот се развива во корист на Москва. Зеленски, пак, тврди дека незадоволството во Русија расте и дека се потребни вистински преговори, додека воените операции продолжуваат на терен.
-
Свет 24.06.2026 09:22
САД и Иран во спор околу инспекциите на МААЕ
Блискиот Исток останува во фокусот на дипломатските напори, додека во Вашингтон се одржуваат разговори меѓу израелската и либанската делегација. САД инсистираат дека процесот за Либан и преговорите околу Иран се целосно одвоени, и покрај обидите на Техеран да ги поврзе прашањата.










