Италијанската полиција уапси 61 член на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, во серија рации во седум региони.
Тие се осомничени за кривични дела, вклучително измама, трговија со дрога, инфилтрирање во владата и изнудување локални земјоделци.
Италијанската полиција уапси 61 член на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, во серија рации во седум региони.
Тие се осомничени за кривични дела, вклучително измама, трговија со дрога, инфилтрирање во владата и изнудување локални земјоделци.
Наплив на мигранти на границата меѓу САД и Мексико пред истекот на пандемските рестрикции. Карваните од Јужна Америка стравуваат дека новите политики ќе им го отежнат патот до ветената земја. Одделот за национална безбедност најави драстично усложнување на процесот за добивање азил.
17-годишен тинејџер од Унгарија е уапсен под сомнение дека планирал масакр во своето поранешно училиште. Направил симулација како убива 50 студенти. Играта ја пронашле ИТ експерти.
Авион со помош од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати стигна во Судан. Мировните преговори во градот Џеда се во застој. За власта во Судан се борат војската и паравојската. На разговорите беа најавени пет авиони со помош и отворање на хуманитарен воздушен мост.
Израелската војска соопшти дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен командантот на ракетната дивизија на палестинската група Исламски џихад, Али Гали. Според извештајот, Гали се криел во стан во градот Кан Јунис, заедно со уште двајца борци.
Официјален Кремљ објави дека намерата на Полска за преименување на рускиот град Калининград го смета за непријателски чин.
Жестоки борби во Бахмут. Украинската страна тврди дека се повлекле руските сили во источниот дел од овој град.
Укинувањето на рестриктивните мерки воведени во Ковид пандемијата познати како „Одредба 42“ би можело да предизвикаат зголемен прилив на мигранти. Пограничните градови во САД се под зголемен притисок. Веќе на некои локации долж границата меѓу САД и Мексико се регистрирани голем број луѓе.
Последиците од руската инвазија врз Украина се доста пошироки од границите на Европа. Јапонија го преиспитува прашањето за регионалната безбедност. Властите во Токио во преговори за отворање канцеларија на НАТО за врски – прва од ваков вид во Азија.
Вчера, во текот на ноќта, 19-годишно момче со нож влегло во дом за сираци, во Полска, во градот Томиславце, усмртувајќи 16-годишна тинејџерка и ранувајќи девет лица на возраст од 12 до 16 години.