Продолжуваат борбите за Бахмут. Напади регистрирани и врз Киев и други делови од Украина. Има повредени. Според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црно Море.
-
Свет 08.05.2023 09:53
-
Свет 08.05.2023 09:51
Од денеска во Србија полиција во училиштата и предавање на илегалното оружје
Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка. Одлуката следува неколку дена по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, во која 13-годишниот ученик со иницијали К.К. уби девет луѓе, меѓу кои осум ученици и чувар.
-
Свет 07.05.2023 20:23
Министерот за образование на Србија поднесе оставка
Министерот за образование Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
-
Свет 07.05.2023 15:31
Трет ден жалост во Србија, Вучиќ вечерва ќе и се обрати на јавноста
Во Србија е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Граѓаните ширум Србија во тишина им оддаваат почит на жртвите од двете масовните убиства. Во Дубона денеска ќе бидат погребани три жртви.
-
Свет 07.05.2023 12:20
Осум мртви во пукање во трговски центар во Тексас
Вооружено лице застрела осуммина и повреди уште неколку лица, од кои дел се во критична состојба, во трговски центар во Далас. Полицијата го усмрти напаѓачот. Според очевидци, меѓу жртвите имало и деца. При нападот бил пронајден член на обезбедувањето во несвесна состојба.
-
Свет 07.05.2023 10:13
Детали од истрагата за масовните убиства во Србија
Вештачењето на телефонот на 13-годишното момче Коста К., кое уби осум ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, покажало дека тој истражувал како да избегне затвор.
-
Свет 07.05.2023 10:05
Поплави во источниот дел на Кина
Поројни дождови и поплави во источната кинеска провинција Џиансу.
На терен се испратени над 1.000 спасувачи. Регистрирано е и напукнување на брана.
Поројни дождови се прогнозираат викендов и во уште неколку други провинции.
-
Свет 07.05.2023 10:02
Евакуација поради шумски пожари во Канада
Евакуација на над 24.000 жители во западна Канада поради шумските пожари во провинцијата Алберта.
Во моментов има 103 активни жаришта. Изгореа повеќе од 120 илјади хектари.
Властите не исклучуваат прогласување на вонредна состојба.
-
Свет 07.05.2023 09:53
Честитки за крунисувањето на Кралот Чарлс Трети
Украинскиот претседател Зеленски меѓу првите кои му го честитаа крунисувањето на британскиот Крал Чарлс Трети.
-
Свет 07.05.2023 09:51
Киев: Москва изврши напад со фосфорна муниција
Руските и украинските сили се борат за Бахмут. Киев ја обвини Москва за напад со фосфорна муниција.










